Не ви се потребни скапи креми: Ослободете се од темните кругови околу очите со помош на лимон, компир и кесичка чај!

7 јуни, 20200
face-up-popustplus0_5b8924875ad93_700xr

Темните кругови околу вашите очи, тешко се прикриваат со шминка, а тие се дел од секојдневието на оние луѓе кои балансираат помеѓу работата, семејството и обврските во домот. Сепак, постои начин да ги скриете или барем да ги ублажите, и тоа по природен пат.

Сок од лимон – Сокот од лимон е преполн со витамин Ц и содржи лимонска киселина, којашто ќе ви помогне да ја заврстите кожата под очите, додека витаминот Ц ќе ги избледи темните кругови. Со помош на памук нанесете од лимоновиот сок, со огромно внимание очните капаци да бидат затворени и оставете го да отстои 15 минути. Во случај да почуствувате печење или чешање, веднаш измијте ги очите со вода.

Компир – Ензимите коишто ги содржи компирот ќе ви помогнат да ја осветлите кожата. Еднаш неделно ставете парче свеж компир на подрачјето околу очите и темните кругови со текот на времето ќе ги снема.

Кесичка чај – Топлиот чај сигурно убаво ќе ви дојде, но немојте потоа кесичката ја да фрлите. Чајот содржи кофеин и антиоксиданси, а тоа ја забрзува циркулацијата. Користете црн или зелен чај. Кесичките ставете ги да отстојат  во топла вода околу 5 минути. Потоа, ставете ги во замрзнувач за да се оладат. По ладењето, оставете ги да делуваат на вашите очи околу 20 минути.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi