Никој не верува колку шминка и е потребна на Ирина Шајк за да изгледа СОВРШЕНО!

18 септември, 2020
наслов модел

На Youtube, туторијалите за шминка снимени од најпознатите светски топ модели стануваат сè попопуларни. Супермоделот Ирина Шајк сними едно видео за Вог, а нејзината рутина за шминкање го изненади целиот свет.

Додека блогерите за убавина ставаат прајмери, течни пудри, коректори, хајлајтери и многу други препарати на нивното лице, Ирина Шајк се шминкаше со прстите и користеше само неколку капки течна пудра што ги нанесуваше само на одредени делови од лицето.

Светски познатата манекенка и една од најубавите жени во светот не користи ниту пола од она што е дел од рутината на многу девојки кога се шминкаат и вели дека помалку е повеќе и дека жените треба да носат шминка, а не шминката да ги носи нив.

Во коментарите под видеото, многумина не го криеја својот ентузијазам за рутината на шминкање на Ирина.

„Нејзината тајна за добра шминка е едноставно дека е најубава на свет и без тоа“, се пошегуваа нејзините обожаватели.

escort - Korsan taksi