Никол Кидман со години е верна на диетата 80:20. Еве што значи тоа!

14 декември, 2020
nikol-kidman-glavna-visina

Холивудската ѕвезда Никол Кидман ова лето го прослави својот 53 роденден, а благодарение на младешкиот изглед и завидно витката линија, малкумина ќе претпоставеа дека на нејзината торта има толку многу свеќи.

Познатата австралиска актерка, родена на Хаваи, својата беспрекорна фигура, како што вели, им ја должи на гените, но и на дисциплината. Имено, Никол со години е верна на својот специфичен план за исхрана.

Nikol Kidman

Тоа е режим наречен 80:20 според кој слабеете јадејќи четири здрави и еден нездрав оброк дневно.

Како што истакнуваат следбениците на оваа диета, тоа е одлична диета за губење на вишок килограми без гладување, нервоза и ограничувања. Правилото на оваа диета е само едно: 80 проценти од дневниот внес на храна мора да биде здрава и „чиста“, додека 20 проценти од храната може да биде нездрава, што ќе ја задоволи желбата за некои, инаку забранети јадења. Многумина на почетокот ќе помислат дека ова е комплициран режим, но пресметката е всушност едноставна.

Сепак, не само диетата ја прави оваа ѕвезда да изгледа младешки. Никол Кидман трча редовно, бидејќи порасна во семејство на маратонци, а во последно време се почесто практикува јога и возеше стационарен велосипед.

escort - Korsan taksi