Откриени се ужасни последици кои може да ги остави Ковид-19 врз децата!

18 декември, 2020
covid-19-49223841920-830x0

Сепак, корона вирусот кај најмладите не е безопасна работа

Меѓународен тим на експерти, откако анализираше 38 случаи на деца кои биле заразени со особено тешка форма на Ковид 19, утврдиле дека корона вирусот може да предизвика и парализа кај децата, пишува агенцијата Ansa.

Научниците испитале случаи на деца од осум земји, вклучително и Италија, и откриле дека иако станува збор за вирус кој ги напаѓа органите за дишење, може да се инфилтрира, директно или индиректно, и да предизвика последици во сите органи на телото, вклучително и во мозокот. .

Корона вирусот е во состојба да навлезе преку носната лигавица во мозочното ткиво и, како што е прикажано од веќе објавените резултати од претходните истражувања, да предизвика иктус, а кај децата парализа.

Истражувањето беше предводено од истражувачки тим од Универзитетот во Манчестер во Англија, а тие соработуваа со универзитети од повеќе земји во Светот.

escort - Korsan taksi