ОВИЕ ФОТОГРАФИИ ТРЕБА ДА ГИ ПОГЛЕДНАТ СИТЕ ОНИЕ КОИ СПИЈАТ НА СТРАНА: Погледнете добро што му правите на вашето лице!

21 декември, 2020
lice (1)

Една клиника за дерматологија објави фотографии кои најдобро покажуваат колкава штета и правиме на кожата кога спиеме на страна.

Иако се знае дека спиењето на грб е најздраво, нема „стискање“ на органи, дишењето е полесно и се намалува притисокот врз лицето, повеќето сепак заспиваат најлесно на страна.

Без оглед на тоа што дерматолозите нè предупредуваат дека на овој начин создаваме брчки и предизвикуваме предвремено стареење, спиењето „на страна“ ни дава чувство на топлина, смиреност и тешко е да се откажеме од тоа.

Студија од 2012 година докажува колку е штетна, една од многуте што сведочи дека спиењето на страна и притисокот врз лицето може да предизвика формирање на „продлабочување“ на тенки линии, односно брчки на целата површина на лицето, почнувајќи од оние околу усните, очите, на челото…

А, како навистина изгледа нашето лице кога спиеме, „пластично“ покажа дерматолошка клиника со фотографија што ја објави на својот Instagram профил.

Експертите од оваа дерматолошка клиника споделија и неколку совети кои ќе ви помогнат да ја избегнете оваа состојба со лицето:

1. Купете специјална перница прилагодена на обликот на лицето, бидејќи за да избегнете брчки за време на спиењето, клучна е распределбата на тежината.

2. Користете свилени или сатенски перници.

3. Користете креми базирани на ретинол или бакуциол навечер. Подготовките на база на масло помагаат да се одржи кожата хидрирана.

4. Бидете сигурни дека доволно спиете. Спиењето 7-8 часа е оптимално за спречување на брчки.

5. Измасирајте го лицето наутро за да го забрзате протокот на крв во деловите кои се под „притисок“ за време на спиењето. Правете вежби за дотерување лице секое утро под туш.

escort - Korsan taksi