Овој генијален трик ќе ви помогне да ја прилагодите заштитната маска на лицето и да ја направите побезбедна за вас и околината

8 септември, 2020
1305477

Видео кое објаснува како да се стесни маската за лице и да се прилагоди на лицето стана хит на ТикТок и за кратко време собра повеќе од 5,2 милиони прегледи

Трикот за подобро прилепување на маската за лице ја полуде популарната социјална мрежа ТикТок, а истиот го сподели со јавноста стоматолог, д-р Оливија Куид од Монтреал, кој во кратко видео чекор по чекор објасни како маската за лице да биде побезбедна за вас и вашето опкружување.

Овој едноминутен трик ќе биде особено корисен за луѓето со малку помала глава и децата чии маски честопати им паѓаат, особено сега кога започна учебната година.

Како да ја стесните заштитната маска за лице

  1. Пред сѐ измијте ги рацете, бидејќи хигиената е половина здравје, особено во ова време на пандемија на болест што погодува се повеќе и повеќе луѓе.
  2. Преклопете ја маската на половина по должина. Не е важно дали станува збор за хируршка маска за лице што може да се пере или за еднократна употреба.
  3. Од еластичната лента, врзете јазол на секоја страна од маската. Обидете се да врзете јазол веднаш до маската.
  4. Отворете ја маската и повлечете ги аглите така што дупките ќе исчезнат. Ако станува збор за маска што може да се пере, веројатно ќе мора да ја прилагодувате секој пат после перење.
  5. Та-дааа! Вашата маска е подготвена за носење!

Погледнете на видеото како го направи тоа д-р Оливија.

escort - Korsan taksi