Пет причини заради кои имате совршено тело

12 мај, 20200
тело

Сите сакаме нашето тело да изгледа фит и затегнато. Но, наместо да ги гледаме само надворешните атрибути, присетете се зошто навистина имате совршено тело.

1. Вашето срце е вредно за воодушевување

Во текот на животот срцето пренесува неколку илјади литри крв со километри низ вените. Ниту една современа машина не му е рамна кога станува збор за беспрекорно работење. А чувствата кои се чувствуваат со срцето прават тоа да има дополнителна вредност.

2. Мозокот е неверојатна машина

Милиони станици кои управуваат со вашите движења, чувства, координација со другите органи прават неверојатна работа. Мозокот во текот на животот собира податоци многу повеќе од било која голема национална библиотека.

Мозокот црпи 17 проценти од вкупната енергија која ја троши телото.

3. Посебни делови на телото

Секој има дел од телото кој му се допаѓа и со кој е задоволен. Само треба да се фокусирате на оние делови од телото со кои сте задоволни и да си ги запишете на лист. Листот ставете го некаде на видно место за да ве потсетува секојдневно и да ви ја зголемува самодовербата.

4. Гледајте се со туѓи очи

Малите неправилности на лицето, влакната, асиметријата и тн. ги приметувате само вие. Никој друг не ве анализира така, до најситниот детаљ. Замислете се како изгледате во очите на оние кои ве сакаат.Како што тие го гледаат најдоброто во вас, така гледајте се и вие.

5. Моќта на промените

Дури и ако сте незадоволни од телото, секогаш ќе можете да го подобрите. Со физичка активност можете да направите чуда. Додека вежбате размислувајте колку сложени процеси работат во телото за вашето совршено функционоирање.

Вашето тело само по себе е совршен механизам кој заслужува почит. Но она што се содржи внатре во кутијата е многу поважно од украсната хартија во која кутијата е завиткана.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi