Помогнете им на децата во учењето за да разберат се што треба

7 април, 20200
uci

Да се биде родител никогаш не било лесно, но во денешно време се чини дека е потешко од било кога. Дури и во време кога владее ваква криза во која и на родителите и на децата им е потребна помош и поддршка.

Не се сите деца исти- тие мораат да имаат сопствен стил

Учењето не е исто со читањето, учењето со читање има намера да ни помогне да запамтиме. Учиме 10% од она што го читаме, 20% од она што го слушаме, 30% од она што го гледаме, 50% од она што го гледаме и слушаме, 70% од она што го зборуваме и дури 90% од она што го зборуваме и правиме. Повеќето луѓе не се свесни кој стил на учење најмногу им одговара, децата уште помалку се свесни за тоа. Честа причина за создавање на отпор кон учењето е токму тоа што децата не знаат да учат. Тоа доведува до исфрустрираност и губење на вољата за учење. Постојат четири канали по кои може да се учи и да се усвојуваат нови знаења.

1. Визуелни типови

Најлесен и најбрз начин за учење е преку гледање, т.е. фотографска меморија. Важно е на детето да му се укаже на тоа со зборовите “гледај”, “види го ова”… Корисно е кога заокружуваат, потцртуваат, бојат, визуелизираат, а најдобри резултати се постигнуваат кога децата учат во одредена просторија за учење. Често децата се талентирани за ликовно, геометрија, географија. Најчесто кога се потсетуваат на материјалот тие знаат каде точно го виделе во учебникот.

2. Аудитивни типови

Најлесно и најбрзо учат со зборување на глас. Сакаат да учат во друштво во кое ќе се разговара за материјалот, а одлично ги памтат интересните приказни и примери.

Можат да учат и со помош на снимен материјал. Добро е пред читањето да ги погледнат сликите и насловите и на глас да го кажат своето мислење во врска со главната тема на лекцијата.

3. Подвижни типови

Низ одење, глумење и игра ефикасно го совладуваат материјалот. Сакаат да учат низ искусување, допири, истражување во природа. Почесто користат глаголи и се спортски типови. Се препознаваат на тој начин што текстот го следат со прст. Постојано се во движење па прават чести паузи за време на учењето.

4. Текстуални типови

Најмногу сакаат да учат низ напишаната материја. Сакаат книги, речници, есеи и литература. Најлесно памтат ако нешто сами запишат. Во учењето им помага ако со свои зборови ја напишат/прераскажат лекцијата.

Како можат родителите да помогнат?

– Прво, потребно е да се обезбеди соодветен работен простор и добро осветлување. Поставете ја таблата за потсетници на вашето дете над работната површина. Што се однесува до организацијата за учење, обидете се да го одржувате учењето на детето во исто време на денот и да ги отстраните сите извори на дефокусирање додека детето учи.

Научете го вашето дете како да учи

– Распоредете го материјалот за учење во помали целини и охрабрете го редовно да учи и да остави доволно време за повтоеување на материјалот. Помогнете му да разбере што е важно, а што е неважно во делот што го учи. Научете го детето да обрнува внимание на наслови, преводи, нагласени зборови и пред да започнете да учите, прочитајте го текстот заедно со вашето дете и обидете се да утврдите дали нешто од прочитаното му е веќе познато

Ако тоа помага, нека се обиде да го претвори текстот во цртеж.

Месечни, дневни и неделни планови

– Дефинирајте ги слободното време и обврските во текот на денот. Распоредот мора да биде реален, а во изработка на планот може да ви помогне и самото дете. Забележувајте го најважното прво. Наградете го вашето дете за напорната работа, но не со купување подароци и сл. Слободното време исто така може да биде награда, на пример печење колачи, играње друштвени игри и тн.

Она што е најважно за вас како родители се следниве работи:

1. Поставувајте реални задачи и имајте реални очекувања

2. Поставувајте ги задачите за детето, но договарајте се за заедничко исполнување на истите

3. Покажете толеранција

4. Дајте им на децата емотивна и социјална поддршка

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi