Познатото правило „5 секунди“ е најдобриот изговор. Дали знаете што значи тоа?

18 септември, 2020
shutterstock_88886467_1000x0

Многу луѓе сметаат дека оваа теорија е вистинита, а би било многу корисно да беше така, но истражувањата покажаа дека не можеме да се потпреме на тоа.

Правилото „5 секунди“ во основа вели дека можете безбедно да јадете каква било храна што ќе падне на подот ако ја земете во рок од пет секунди.

Кога од научниците беше побарано да ги потврдат или побијат овие тврдења, тие одговорија кратко и јасно дека станува збор за измислица.

Ентони Хилтон, математичар кој спровел истражување на оваа тема, открил дека можноста за инфекција е мала ако јадете храна што паднала на подот, но дека е побезбедно да не јадете такви работи. Постојат неколку причини.

Прво, влажната и леплива храна како варени тестенини и лепливи бонбони веднаш привлекуваат безброј бактерии и, логично, никогаш не е добро да се внесат во организмот.

Друга причина што тој ја наведе е видот на подот. Повеќето луѓе мислат дека теписите содржат грини и бактерии, па затоа се згрозени да јадат храна што им паднала врз нив, но тие всушност не се во право.

– Ламинатот и плочките се многу полоша површина на која може да падне храната, тие имаат повеќе бактерии. Кујнските површини се полни со бактерии, затоа треба редовно да се чистат, а најголемиот непријател се нашите раце – не заборавајте да ги миете пред секој оброк.

Бактериите ја напаѓаат храната веднаш штом ќе допрат до подот, па славните пет секунди едноставно не е времето што им треба за да го извалкаат вашиот омилен залак.