Проверен начин да го вратите својот партнер во вашиот живот: Еве како да го “натерате” повторно да ве сака

3 јуни, 20200
ljubav-sesk-830x0

Често може да се слушне како жените се жалат од своите партнери, дека “не знаат што сакаат”, било да се работи за рана фаза од врската или за криза на средните години.

Иако ова се случува кај многу парови, темата е доста комплексна и причините за откажување можат да бидат најразлични. Сепак, многу е важно, жените да знаат што точно треба да направаат за да го задржат вниманието на својот партнер.

Доколку забележите дека тој почнува да се одалечува од вас на било кој начин, одбива да зборува или не покажува интерес за секс, голема е веројатноста дека тоа се првите знаци кои укажуваат дека нешто помеѓу вас не е во најдобар ред.

Се што треба да направите е да се повлечете. Меѓутоа, тоа не значи дека треба да престанете да зборувате со него и на тој начин да го казните. Исто така, не се препорачува ниту целосно да го игнорирате, едноставно присетете се која сте и што сте, дека и вие сте личност која има свој живот и интереси, па време е да започнете да се однесувате така.

Посветете му се на вашиот живот, вашите планови и цели без да се консултирате со партнерот и да чекате некаков план од него.

Кога ќе го пуштите малку да се одвои од вас, големи се шансите да почнете да му недостигате, па дури и да живеете под ист покрив, а веројатноста дека тој ќе стане анксиозен и ќе почне да мисли дека ве изгубил е навистина голема.

Затоа, во овие ситуации, најдобро е да се однесувате исто како тој што би се однесувал да е на ваше место. Посветете му се на вашето хоби, на друштвото и пријателите или на работата. Дајте му доволно време да го реорганизира сопствениот живот и да размисли за своето однесување. На тој начин, партнерот ќе се врати назад во вашата прегратка, тогаш кога ќе биде подготвен.

Колку и да ви изгледа дека овој совет е нереален, мораме да ви кажеме дека го добивме од маж, кој тврди дека доколку ја испробате оваа техника и ако вашиот партнер се уште ве сака, со сигурност ќе го добиете назад. Во спротивен случај, доколку овој начин не биде успешен, барем ќе знаете на што сте и ќе продолжите напред, без да трошите години и години на личност којашто не ве сака.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi