Психолозите откриваат: Овој тип на луѓе остануваат во контакт со бившите, дали и вие сте еден од нив?

17 декември, 2020
851093_lepa2_ls

Сигурно познавате некој кој е таков

Колку пати сте чуле дека љубовниците, по раскинувањето, станале пријатели?

Или барем во некој вид контакт.

Се чини, тоа не е толку редок случај.

Психолозите тврдат дека постои посебна причина да останете во контакт со бившата, односно бившиот и дека тоа го прават претежно нарцисоидни луѓе.

Откако ќе престанат болката и фрустрацијата, некои луѓе сфаќаат дека сè уште имаат голема платонска наклонетост кон својот поранешен партнер или едноставно сфаќаат дека тие функционираат подобро како пријатели отколку како брачна двојка.

Други, пак, не сакаат или едноставно не можат да најдат начини да ја променат природата на врската со цел да задржат одредена личност во нивниот живот.

Клиничкиот психолог, д-р Рамани Дурвасула, истакнува дека нарцисите често имаат навика да останат во контакт со своите поранешни партнери и тоа само од потреба.

Таа објаснува дека постојат неколку фактори кои се предмет на ваквото однесување. Нарцисите често се борат со фактот дека некој ги напуштил.

„Тие се борат со основната несигурност. „Нарцисите се склони кон тоа примитивно чувство на напуштање, особено ако лицето со кое некогаш биле во врска е некој кој е богат, моќен, привлечен или многу помлад од нив“, вели Рамани.

Таа додава дека нарцисите навистина сакаат да имаат тајни, бидејќи тие за нив се знак дека имаат моќ.

Сепак, тој забележува дека тоа не значи дека верува дека секој што останува во контакт со поранешните е нарцис.

escort - Korsan taksi