РЕТИНОЛ: Зошто карантинот е совршено време да ја испробате оваа состојка за измазнување на кожата

7 јуни, 20200
imageedit_172_9206128753

Ретиноидите, или попознати како верзијата ретинол, се препорачувани веќе долг период од експертите за убавина како одлична состојка за спречување на брчките. Не е зачудувачки што во последните години – особено за време на пандемијата на коронавирусот – побарувачката за овој продукт е дупло зголемена.

Но што всушност се ретиноидите, и како функционираат? Два експерти за нега на лице објаснуваат што се и за што се користат.

Што се ретиноиди?

Ретиноидите се состојки што потекнуваат од витаминот А, кој е често користен во негата на кожата. Научните истражувања покажуваат дека оваа состојка ја намалува појавата на брчки, линии и пигментација на лицето по околу 12 недели користење. Има повеќе видови на ретиноиди, кои често ги мешаме. Треба да се запомни дека ретинол е поблага верзија на ретиноидите и е онаа која ја среќаваме во секојдневните продукти за кожа.

Woman taking care of her skin

Зошто да ја испробам за време на карантинот?

Бидејќи оваа состојка ја лупи кожата. Кога се почнува со ретинолот, тој го забрзува менувањето на клетките, што значи дека тие доаѓаат на површината на кожата многу побрзо.

Всушност, кожата почнува да ни „паничи“ и се обидува да го поправи црвенилото и инфламацијата од ретинолот, почнува да се лупи и да пецка. Сето тоа е добро, бидејќи кожата се регенерира и ствара ново ткиво, и на тој начин го добиваме тој свеж обновен изглед. Но бидејќи е неудобно и не смееме да ја иритираме уште повеќе кожата, најдобро е да се почне кога сме постојано дома.

За што е најдобро да се користи?

Иако е ефективен за постари типови на кожа, ретинолот е многу ефективен за оние кои страдаат од акни и лузни. Ја ексфолираат кожата и ги обновуваат клетките, исто така помагајќи со пигментацијата или дамките.

Кога треба да почнам да го користам?

Иако е најпознат како продукт за против стареење, придобивките од ретинол се големи – можеме да ги внесеме во рутината многу порано. Кожата губи 1% од колагенот секоја година од средината на нашите 20-ти, па најдобро е да почнеме кога ќе сме при крај со тие 20-ти години.

Дали треба да побарам совет од професионалец прво?

Со ретинолот, експертите препорачуваат да се советувате со вашиот дерматолог, бидејќи може да го користите на погрешен начин а да не знаете, правејќи поголема штета. Многу луѓе се исплашени од него бидејќи лесно се иритира кожата, но со правилна употреба може да се постигнат одлични резултати. Секој ќе има мала реакција, но тоа значи дека е ефективен.

Како се користи?

Ако го купувате сами од аптека, побарајте некој што има 0,1% ретинол за почеток, велат експертите. Ова е поефективно отколку послабите деривативи. Побарајте помош од аптекарите или прочитајте ги состојките. Откако ќе почне вашата кожа повеќе да го толерира, може да ја зголемите дозата до 0,3 или 0,5%.

Користете го ретинолот навечер на чиста измиена кожа. Можете да нанесете хидратанта крема по 15-20 минути ако почувствувате сува кожа. Осигурајте се дека користите најмалку СПФ 30 заштита од сонце преку ден, бидејќи ретинолот ве прави поосетливи на ултравиолетовите зраци од сонцето.

Започнете полека, на пример два пати неделно. Иритацијата се случува по еден до два дена од користењето, а потоа продолжете сѐ додека не почнете да го користите секоја вечер.

Што друго е важно да се знае?

Важно е да ја спремите и исчистите кожата пред употреба, бидејќи ако има нечистотии ќе го тргнете само првиот слој, и нема да навлезе подлабоко за да има резултати. Ексфолирајте ја кожата кога ќе почне да се лупи, и не плашете се дека тоа е сува кожа, бидејќи тоа е добро за неа. Избегнувајте да ставате креми веднаш, самата кожа ја подобрува хидратацијата од ретинолот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi