Сè што треба да знаете за асимптоматските случаи на Корона: Еве како го шират вирусот и колку долго се заразни!

4 ноември, 2020
корона

Експертот за инфективни болести објасни што треба да знаеме за асимптоматските случаи!

Голем дел од вкупниот број на заразени од Корона вирусот се асимптоматски случаи, што е најголем проблем затоа што го шират вирусот, без воопшто да бидат свесни дека се болни затоа што немаат никакви симптоми. Вилијам Петри, професор по медицина и микробиологија на Универзитетот во Вирџинија, специјализиран за заразни болести, објасни што знаеме и што не знаеме за асимптоматските преносители на вирусот.

Чести инфекции без симптоми

На прашањето колку често луѓето се заразуваат без да знаат за тоа, професорот вели дека инфекцијата без никакви симптоми е честа. „Можеби најозлогласениот пример е тифус Марија, кој во 1900-тите години ширеше треска на други луѓе без да има никакви симптоми.

“Моите колеги и јас откривме дека телото се бори против многу инфекции без лицето да знае воопшто. На пример, кога внимателно ги следевме децата за инфекција со паразитот Криптоспоридија, една од главните причини за дијареја, скоро половина од децата кои беа заразени немале симптоми. “Во случај на грип, се проценува дека 5 до 25 проценти од инфекциите се јавуваат без симптоми. Симптомите се главно несакани ефекти во борбата против вирусот. На имунитетниот систем му треба малку време да ја активира таа одбрана, па затоа некои случаи се сметаат за пресимптоматски отколку за асимптоматски”, рече тој.

Како се шири вирусот?


Се поставува и прашањето како некој може да го шири вирусот без кашлање и кивање.
„Сите се претпазливи од капките што се исфрлаат со кашлање или кивање. Тоа е една од главните причини зошто лекарите апелираа до сите да носат маски“, вели Петри, додавајќи: “Вирусот исто така може да се шири со нормално издишување, ослободувајќи мали капки што го содржат вирусот. Обичното издишување може да го прошири вирусот на неколку метри”. Лекарот предупредува и дека ширењето може да се случи и преку површини како што се рачки кои биле контаминирани при контакт со заразено лице.

Колку е заразна асимптоматска личност?


„Без оглед на сè, ако сте биле во контакт со некој што има Ковид-19, треба да бидете во самоизолација 14 дена. Дури и ако се чувствувате добро, сепак постои опасност да го ширите вирусот на други.
Неодамна се покажа дека високото ниво на инфекција е присутна во назалните респираторни секрети за време на „пресимптоматски“ период што може да трае со денови до повеќе од една недела пред да се појават сиптоми како треска и кашлица.
„Оваа способност на вирусот да се пренесува од асимптоматски луѓе е главната причина за пандемијата“, рече Петри.

Антитела на Корона вирусот по инфекцијата

На прашањето дали антителата од САРС-КоВ-2 остануваат во организмот по асимптоматска инфекција, Петри вели дека „Повеќето луѓе развиваат антитела по закрепнувањето од Ковид-19, веројатно дури и оние без симптоми. Разумна е претпоставката, од она што научниците го знаат за другите вируси, дека овие антитела ќе бидат одредена заштита од реинфекција. Но, сè уште ништо не е сигурно “. Тој додава дека неодамнешните серолошки тестови во Њујорк, со кои се проверуваат антителата, покажале дека дури секој петти жител можеби бил претходно заразен со Корона. „Нивниот имунолошки систем се бореше со вирусот, без разлика дали знаеја дека се заразени или не“, вели Петри.

escort - Korsan taksi