Сè за поголема гордост: ЏЕЛКИНГ е опасен метод што го користат многу мажи

22 август, 20200
Annotation 2020-08-08 231234

Понекогаш навистина не вреди да се ризикува

Колку и да пишуваат, зборуваат и тврдат дека не е сè во големина, некои мажи сè уште „страдаат“ за неколку сантиметри повеќе.

Затоа не изненадува фактот што методот што тврди дека може да се зголеми должината на гениталиите е толку популарен кај „посилниот“ пол, иако е многу опасен.

Џелкинг буквално значи дека ќе го истегнете пенисот, а овој метод, според експертите, ги има своите корени од арапската област и постои со векови.

Во последно време сè повеќе мажи се распрашуваат за оваа постапка, а додека од една страна има такви кои тврдат дека се задоволни од резултатите, од друга има се повеќе и повеќе медицински експерти кои предупредуваат колку оваа практика може да предизвика штета на долги стази.

Како што покажаа истражувањата од претходните години, операцијата за зголемување на пенисот сè уште е една од оние што мажите ја сакаат најмногу, и не е изненадувачки што постои интерес за нешто што може да ја направи нивната „гордост“ помасовна.

Што е џелкинг?

Вклучува низа вежби насочени кон истегнување на ткивото и зголемување на должината.

Слично е на мастурбацијата, освен тоа што се чека да бидете во ерекција, по што се применуваат одредени движења.

Џелкингот во основа е ремоделирање на ткивота, а оние што го пробале тврдат дека тоа помага за протокот на крв во пенисот и ја засилува ерекцијата, предизвикувајќи промена во големината.

Дали џелкингот навистина функционира?

Урологот Џамин Брамбхат, за порталот за Men’s Health, вели дека овие повторливи, трауматски движења можат да предизвикаат лузни кои на крајот можат да се претворат во Пејронијева болест, односно да доведат до еректилна дисфункција.

Тој додаде дека ваквите лузни го накривуваат пенисот со текот на времето, што ја отежнува самата ерекција и пенетрација.

„Самата техника е многу болна, а понекогаш е потребно и до една година да се формираат лузни и да се видат промените во големината на пенисот“, додаде тој на крајот.

Неговиот колега, д-р Премал Пател од Универзитетот во Мајами, се согласува со неговите тврдења. Тој советува да сите мажи кои се незадоволни од нивната големина го контактираат својот лекар, затоа што нема научен доказ дека овој метод работи, туку дека може да биде опасен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi