Секој прст е поврзан со два органи и две емоции: Еве ги проблемите што ги отстранува најпознатиот јапонски метод на лекување!

9 јули, 20200
prsti

Ви претставуваме феноменален начин на јапонски алтернативен третман, кој се заснова на верувањето дека секој прст на раката е поврзан со два органи во телото. Овој метод е популарен заради неговата голема ефикасност и брзото дејство и треба да издвоите само три до пет минути.

Познат е како Јин Син Јутсу, и помага да се постигне рамнотежа на емоциите (кои исто така се поврзани со органите) со стимулирање на одредени делови на прстите со притисок. За време на изведбата, неопходно е да се концентрираме на длабоко и бавно дишење. Додека го ослободувате притисокот, треба нежно да ги масирате сите прсти на двете раце. Во продолжение откријте кој прст е поврзан со кои органи и емоции и соодветно изведете го овој метод и ублажете ги следниве симптоми:

Палец

Органи: Слезина и абдомен

Емоции: Депресија и вознемиреност

Симптоми: Главоболка, проблеми со кожата, нервоза, болки во стомакот

Показалец

Органи: Бубрези, мочен меур

Емоции: Збунетост, страв, незадоволство

Симптоми: Дигестивни проблеми, болки во мускулите и грбот

Среден прст

Органи: Црниот дроб, жолчното кесе

Емоции: Иритација, лутина, несигурност

Симптоми: Циркулаторни проблеми, фронтална главоболка, замор, менструална болка, мигрена

До малиот прст

Органи: Белите дробови, дебелото црево

Емоции: Страв, песимизам, тага

Симптоми: Кожни и дигестивни проблеми, астма и други проблеми со дишењето

Мал прст

Органи: Срце, тенкото црево

Емоции: Анксиозност, нервоза, недостаток на самодоверба Симптоми: срцеви заболувања, проблеми со коските, болки во грлото

Ако имате проблеми со овие органи, симптоми или емоции, обидете се со оваа техника – не може да ве повреди!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi