Сепак Колумбо не е виновен за ширењето: ЕПИДЕМИЈАТА ПОСТОЕЛА И МНОГУ ОДАМНА

21 август, 2020
ada6fe593b5c29aac469

Сексуалниот однос со домородните жени се сметаше како причина за пренесување на опасната болест во Европа. На крајот на краиштата, изгледа не е така.

Студијата беше објавена во списанието „Current Biology“која „руши“ една стара предрасуда против Кристофер Колумбо. Според работата на група научници од Универзитетот во Цирих, излегува дека сифилисот постоел во Европа многу порано од враќањето на Кристофер Колумбо од Новиот свет. Долго време се веруваше дека сифилисот го донеле во Европа неговите морнари кои имале сексуални односи со доморотските жени во Новиот свет.

Како и да е, анализата на шест скелети во Финска и еден во Холандија потврди четири примероци позитивни за бактеријата што предизвикува сифилис, Treponema pallidum. На овој начин, докажано е дека сексуално преносливите болести се појавиле во Европа уште во 15 век. А Колумбо во откривањето нови континенти не тргна пред 3 август 1492 година. Затоа, неговите патувања не се коренот на епидемијата на сифилис што траеше три века.

Студијата во ова научно списание имаше за цел да ја утврди историјата на Treponema pallidum, каде започна да циркулира и каде се појави за прв пат. Научниците, сепак, беа само делумно успешни затоа што не успеаја да сфатат како се случила Големата епидемија во 15 и 16 век, но сепак успеале да утврдат како се развивала болеста на Стариот континент. Анализата на откриените коски покажа дека заболувања како што е сифилис се појавиле порано и биле предизвикани од различни видови на Treponema pallidum. Оваа анализа откри и досега непознати видови на оваа бактерија, што исто така го потврдува присуството на сифилис уште во почетокот на 15 век. Иако оваа болест е позната веќе пет века, таа сепак е нешто многу опасно, па нејзиното ширење сè уште се забележува и денес.

Досега, првиот запишан случај се сметаше дека бил меѓу француските војници во 1495 година, неколку години откако Колумбо се вратил во Европа. Тогаш беше забележано во Неапол за време на војната во 1494-1498 година, кога беше познато како „француска болест“. Знаеме дека Ал Капоне, веројатно најпознатиот гангстер на сите времиња, исто така почина од сифилис.