ШТО ОТКРИВААТ СЕКС-ПОЗИТЕ ЗА МАЖИТЕ? Мисионерите не се досадни, напротив…!

21 ноември, 2020
166546_we-vibe-wow-tech-vgaixx0hp44-unsplash_f

„Говорот на телото“ и омилените пози во кревет откриваат многу за мажите.

На пример, не е точно дека мажот е здодевен ако претпочита мисионерска поза.

Мисионерска поза за доверлива личност

Мажите кои сакаат мисионерска поза во сексот, строго ги следат правилата во животот, се верни и нежни партнери кои нема да ја разочараат својата партнерка. Тие се сигурни и воопшто не се досадни. Во оваа поза, целото негово внимание е насочено кон неговата партнерка, а има и контакт со очи, прегратки, бакнежи. За стабилност и размена на нежности, таков човек е совршен избор, посочува експертот за говор на тело Џан Харгрејв.

Кучешки стил не го изложува емоционално

Ако мажот го обожава кучешкиот стил, тој всушност сака да доминира, да биде алфа мажјак и не сака премногу емотивно да се отвори. Бидејќи нема контакт со очи во оваа поза, тој всушност го сака тоа затоа што на тој начин се здобива со сигурност. Оваа поза не вреска емоции кои зборуваат за љубов и почит, а доколку тој инсистира на таа позиција, можно е да има проблеми со самодовербата.

Ако жената е горе, нејзиното задоволство е важно и за мажот

Иако оваа поза најмногу ја сакаат повеќето мажи, тоа не кажува многу добро за нив. Ако маж инсистира на тоа, тој навистина не сака да вложува премногу напор, но ѝ дозволува на неговата партнерка да ја игра играта. Недостатокот на амбиција и мотивација не се однесува само на сексот, туку и на другите делови од животот, бидејќи овој човек главно е навикнат да му се сервира сè. Но, ако тој не инсистира само на оваа поза, но е една од неговите омилени, тоа е прашање на вжештена фантазија и таков човек ќе може да ѝ даде многу добра забава на својата партнерка.

Ако мажот ја повлекува својата партнерка кон себе за време на сексот, тој сака поголема блискост

Кога станува збор за „говорот на телото“ по сексот, експертите велат дека мажот се плаши од обврски, доколку „се отргнува“ по сексот. Овој потег создава безбедно растојание и ментално и емоционално. Лежењето на страна по сексот открива посесивец. Ако после сексот лежи покрај својата партнерка во поза лажичка, односно на страна, мажот е „луд од љубов“, но и малку посесивен. Во таа позиција, тој ја прегрнува партнерката, што укажува на доминација. Меѓутоа, ако тој сака да се умилкува, но така што партенрката е зад него, таа позиција открива некој што сака другите да се грижат за него.

escort - Korsan taksi