Сопругата не сакаше да разговара со него, a тој смисли трик со кој ќе ја натера да ја прекине тишината

3 октомври, 2020
download

Сепак, луѓето не се сосема сигурни дали овој метод ќе успее или само ќе ја разлути сопругата.

Корисникот на TikTok @trip_uhl_d сподели видео на својот профил и им откри на мажите како да ја натераат својата сопруга да започне да разговара со нив по расправијата, пренесува The Sun.

„Мојата сопруга во моментов не зборува со мене, но имам план – ќе започне, многу скоро“, напиша тој во описот на две видеа во кои ја обиколи целата куќа и „расипуваше“ по нешто на секој чекор.

Ги премести лончињата од ниската полица на некое повисоко место што таа не можеше да стигне, ги сврте батериите во далечинскиот управувач за да не работи, го смени јазикот на ТВ, ги одврти сијалиците …

Погледнете го видеото за да видите што сѐ стори:

@trip_uhl_d

I have a plan. Thanks @maxwellfamilyofficial for the inspiration.

♬ Mission Impossible (Main Theme) – Favorite Movie Songs

Покрај тоа, го исклучи Интернетот и промени некои поставки на нејзиниот мобилен телефон што не би можела да ги врати самите себе.

@trip_uhl_d

I have a plan. PART 2. Thanks again to @maxwellfamilyofficial for the inspiration.

♬ Mission Impossible (Main Theme) – Favorite Movie Songs

На крајот од видеото, кое собра повеќе од 350.000 прегледи, тој кратко напиша: „Сега чекам …“

Луѓето коментираат дека не се сигурни дали неговиот метод ќе успее. „Може следната недела ќе објави дека се разведува…“, гласеше еден коментар.