Таа ги слушаше советите и ги изми јагодите во солена вода: Погледнете што излезе од нив! (ФОТО)

22 мај, 20200
jagodi

Сезоната на јагодите почна, омилено овошје на многумина, но после ова, можеби ќе сакате да пронајдете ново омилено овошје!

Имено, постои верба дека јагодите треба да се мијат во солена вода затоа што во нив живеат различни пајаци или многу мали инсекти. Исто како и повеќето од нас, новинарката на Buzzfeed, Криста Торес,сакаше да види дали има вистина во тоа, па ги изми јагодите.

Таа го наполни садот со собна температура вода и стави оцет во размер 4 спрема 1 и стави  малку сол. Таа стави јагоди во растворот и го остави да отстои 5 минути.

Бели црви

Иако таа не виде пајаци во водата, кога ги погледна јагодите одблизу, се згрози затоа што од нив излегуваа мали бели бубачки кои личат на црви. Таа тврди дека ги видела на околу шест од осумте јагоди што ги ставила во садот.

Според LiveStrong, плакнењето зеленчук и овошје со солена вода може да помогне во отстранување на пестициди, и очигледно нечистотија и инсекти. Белите црви што ги виде новинарката биле потомци на мушичка од овошен плод, еден вид винска мушичка. Женките ги положуваат своите јајца во овошја што штотуку почнуваат да созреваат, особено во боровинки, јагоди и малини.

Всушност, научниците велат дека сите ние јадеме бубачки со години, едноставно никогаш не размислувавме за тоа или не ги забележавме.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi