Текилата би можела да ви помогне во губење на непосакуваните килограми

1 мај, 20200
текила

Иако е добро познато дека со консумација на алкохол се внесуваат голема количина непотребни калории, неодамнешно истражување ја пронајде поврзаноста помеѓу текилата и губењето калории.

Според American Chemical Society, кое ги проучувало ефектите што ги има текилата врз нивото на гликоза во крвта, се чини дека шеќерите што ги наоѓаме во агава (од кое е направена текила) можат да помогнат во намалувањето на нивото на шеќер во крвта.

За време на студијата, истражувачите откриле дека глувците кои пиеле вода со додадени агавини (агава шеќери) после оброкот, јаделе помалку и имале пониско ниво на шеќер во крвта од глувците кои пиеле обична вода.

Исто така, глувците кои консумирале агавини произвеле хормон наречен GLP-1, кој го продолжува чувството на ситост и произведува инсулин. Поради ова, истражувачите веруваат дека агавинот би можел да биде многу корисен за лицата со дијабетес тип 2, како и за луѓето со прекумерна тежина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi