Три кардинални фитнес грешки!

26 мај, 20200
фитнес грешки

Вежбате веќе подолго време без видливи резултати?! Голема е веројатноста дека правите некоја од овие грешки!

1.Повторувате исти вежби, секој ден

Доколку вежбате на истите справи или трчате по истата патека секој ден, вие самите го саботирате вашето вежбање. За да постигнете резултат, потребно е да правите најразлични вежби. Покрај тоа што на овој начин поефикасно ќе ги обликувате мускулите, вашето вежбање ќе стане уште позабавно.

2. Вашите калории по вежбањето

По напорниот тренинг знаете да се наградите себе си со сладолед или некое друго слатко? Само заради тоа што направивте напорен тренинг, не значи дека смеете да го зголемите внесот на калории! Ограничете го јадењето слатки на еднаш до двапати неделно, а вниманието насочете го кон тоа на своето тело да му ги обезбедите потребните намирници, кои ќе ви дадат повеќе енергија и нема да му наштетат на вашиот организам.

3. Неправилни вежби

Тоа што секој ден го форсирате вашето тело и се препотувате не значи дека сте на вистинскиот пат! Многу фитнес тренери забележале дека луѓето често вежбаат на погрешен начин. Многумина не знаат како правилно се користат одредени справи, која е вистинската тежина со којашто треба да вежбаат или пак кои се справите кои одговараат на целта што сакаат да ја постигнат. Само затоа што редовно посетувате фитнес центри, не значи дека му правите добро на вашето тело. Дури и кога мислите дека правите се како што треба, консултирајте се со фитнес тренерот и бидете сигурни дека е така!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi