5 чекори до супер нокти

8 април, 20200
nokti

Овие 5 чекори ќе го заменат професионалниот маникир.

Првите несакани ефекти од самоизолацијата на која сме сите изложени заради пандемијата на корона вирусниот COVID-19 се видливи на нашата коса, лице и најверојатно на нашите нокти, кои се веќе во алармантна состојба? Нема потреба од паника, затоа што со овие 5 чекори можете да создадете (скоро ист) ефект како со професионален маникир.

3, 2, 1 – Почнуваме!

1. ПОДГОТОВКА

Обликувајте ги ноктите со турпија и нанесете масло или крема накутикулите околу ноктите, оставете да отстои пет минути, а потоа истуркајте ги кутикулите со дрвено стапче. Маснотијата од ноктите отстранете ја со ацетон.

2. ЧИСТЕЊЕ

Површината на ноктите исполирајте ја со блок турпија , а потоа нанесете база што ќе им даде сјај на ноктите, ќе ги заштити од УВ зраци, го спречува жолтеењето на ноктите и ќе ја усовршите површината на ноктот кој има неправилности.

3. ЛАК

Нанесете подебел слој на лак во еден предел по должината на ноктот, а потоа „распоредете ја бојата“ без да додадете повеќе лак. Почекајте 60 секунди и нанесете уште еден слој за поинтензивен ефект.

4. СУШЕЊЕ

За крај, нанесете топ-коат лак, кој покрај што на ноктите им дава дополнителен сјај, содржи средства за брзо сушење кои ја сушат бојата за неколку секунди.

5. КОРЕКЦИЈА

Дали случајно нанесовте малку лак за нокти на кутикулата? Не грижете се, постои коректор кој е како минијатурен ацетон (можете да го носите со себе) и можете да ги избришете сите грешки.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi