6 летни фризури кои можете да ги направите за само неколку минути: Неверојатно едноставни, а толку шик! (ФОТО)

11 јули, 20200
Annotation 2020-07-11 172242

Минимално трошење на време, лесна промена и максимален ефект.

Залижана пунџа

View this post on Instagram

Beach evenings like this ✨

A post shared by Mirjam Flatau (@mija_mija) on

Делот во средина не е задолжителен. Ако имате права коса, полесно ќе ја направите со сува коса. Потребно ви е производ за стилизирање во форма на гел или пена, чешел, тенок ластик и неколку шноли. Нанесете го производот, исчешлајте ја косата со чешел во коњска опашка на висина што ја сакате – генерален фаворит е тилот на вратот, но горниот дел од главата е исто така добар избор – врзете ја коњска опашката, завиткајте ја и зацврстете ја. Лесно како еден, два, три. Не грижете се за прецизноста – никогаш не носи нешто добро.

Низок реп

View this post on Instagram

Totes camera shy 📸

A post shared by Amanda Shadforth (@amandashadforth) on

Ова дефинитивно не е ова тенденција, што веќе пишувавме за неа, но повторувањето не е лошо доколку се работи за волку добри работи. Права или природна коса ( заборавете на таласните локни кои се гледа од авион дека сте вложиле многу труд) собрана во низок реп. Повторно со или без делот во средина секогаш со ластиче кој е совршен избор. Може да искористите и голема штипка за коса.

Плетенки

Не класичната плетенка или онаа преку главата- од нив веројатно сите сме се заситиле, зар не? Ова е ретро плетенка направена од реп и обично затоа изгледа пократко и помалку бајковито. Ова е уште една фризура која може еднакво добро да се направи и на мокра и на сува коса, со истите работи кои ви се потребни за залижаната пунџа освен што косата нема да ја чешлате, туку со прстте ќе нанесете од пената за стилизирање- верувајте, косата ќе ја задржи текстурата но нема да се расури. Препорачуваме едвај видливи ластичиња, а онаа долната може да ја врзете каде што плетенката е при крај.

Полуфатена коса

Реално, доколку имате навистина густа коса и денот го минувате надвор на сонце можно е со вашата фризура да ви биде топло, но затоа ова решение е идеално за летни работни прилики. Да, знам дека обврските се се помалку во климатизирани простории и за тоа постојат добри причини, но ова не значи дека предниот дел на косата не може да го фатите назад или од страна. Доколку имате прилика да си играте со различни аксесоари- шнолата нека ви биде на прво место.

Текстура
View this post on Instagram

☁️

A post shared by GT (@giuliatordini) on

Технички да, не е фризура она што се прави за една минута но послушајте не: Сега е совршено време да ја оставите косата да се одмори од фенови или други справи за стилизирање ( дури и четката за коса). Постојат два начина да се прилагодите на овој тренд. Првиот е на вклажна коса да нанесете производ како пена или спреј за бранлива коса кој ќе ја нагласи вашата природна текстура, а вториот е како следен чекор е да направите залижана пунџа (под број 1) или да речеме плетенка (3). Текстурата на косата од соништата ќе биде тука доколку ја пуштите ( ќе држи до сленото миење)

Несредена пунџа

View this post on Instagram

La tête ailleurs

A post shared by Loulou De Saison – Chloé (@louloudesaison) on

Иако сега во иста група на фризури како онаа под број 1, нив две не можат да бидат различни. Единствена сличност им е тоа дека за двете е потребно да врзете реп и тука патиштата им се разидуваат. За неуредната пунџа доволни се прстите кои опуштено врзаниот реп додатно да го опуштите. Може да ја врзете со штипка која е истота така кул аксесоар. Прамение окулу лицето се добредојден детал, како и шишките.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi