Beauty тајна: Зошто Џенифер Лопез воопшто не старее?!

24 јануари, 20200
Jennifer Lopez Performs On NBC's "Today"

Ако има ѕвезда која со сигурност можеме да кажеме дека ја открила фонтаната на младоста, тоа е Џенифер Лопез. Иако ќе наполни 50 години, таа изгледа барем две децении помлада.

Која е тајната на нејзината младоликост?

Појавувајќи се во бројни модни списанија и серии, филмови и нова музика која успева да го достигне врвот на музичките топ листи, оваа убавица е доказ дека годините се само број, особено кога станува збор за водење активен животен стил.

Неодамна, Џенифер откри дека нејзината секојдневна рутина е всушност едноставна, но таа строго ги избегнува овие три работи за да се чувствува добро и да изгледа младолика.

Кофеин

Џенифер со години се грижи за своето тело, и тоа е очигледно. Тешко е да се замисли ден без шолја кафе, но латино дивата реши да има живот без кофеин за нејзината кожа да изгледа помлада. Покрај тоа, таа се обидува да го избегне стресот, затоа што многу жени кои се под стрес пијат огромни количини кофеин. Иако новите студии покажуваат дека пиењето кафе има свои придобивки, сите што консумираат повеќе од три чаши на ден се изложени на ризик од срцев удар.

Алкохол

На многумина чаша вино не им е на одмет, но Џенифер го избегнува и алкохолот. Таа се обидува да јаде здрава храна, да внесува доволно вода и да медитира секое утро. Ефектите од прекумерното внесување на алкохол се полоши за жените отколку за мажите и Лопез е свесна за тоа. Ако сакате здрава кожа, затегнато тело и добар изглед во педесеттите години, можеби откажувањето од алкохолот и не е така лоша одлука.

Недостаток на сон

Сите знаеме колку е важно да се наспиеме добро за да функционираме без вознемиреност и да го забавиме стареењето. Добриот начин на живот и грижата за менталното здравје се клучни за успехот ако сакате да изгледате и да се чувствувате млади. Џенифер навистина го слави своето тело. Со својот пример, животен стил и облини, таа ги постави темелите на многу млади жени кои сè уште се борат и се трудат да го пронајдат вистинскиот пат за прифаќање на своето тело. Без разлика каков вид на тело имате, можете да се чувствувате здрави и млади. Џ.Лo е добар пример за тоа како може да се изгледа добро ако се фокусирате на здравјето и на вашата внатрешна и надворешна убавина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi