Деми Мур е повторно како порано – “Како успеав да си ја вратам самодовербата“

28 мај, 20200
demi mur

Холивудската актерка откри како се борела со стравот од стареење.

Холивудската актерка Деми Мур е во својата шеста деценија од животот, и таа се соочуваше со бројни искушенија. Таа зад себе има брак со Брус Вилис и со 15 години помладиот Ештон Качер, и е мајка на три деца. Но, најголемиот удар, со кој се соочи до неодамна, е возраста и фактот што таа старее секој ден.

Актерката Деми Мур изгуби многу филмски улоги во текот на последната деценија, и верува дека Холивуд не и простува за нејзината возраст. Таа искрено призна дека не ужива во сè што носат годините, затоа што и покрај фактот дека таа е весела и млада по дух, повеќе не се чувствува волшебно и привлечно. Таа со години се бори да ја зачува својата убавина. Таа практикува јога секој ден, ја гради својата утринска и вечерна рутина со посветеност и се грижи за здравата исхрана. Покрај сето тоа, таа прибегнува кон пластична хирургија, чиј голем противник беше пред само десет години. Но, се чини дека за време на самоизолацијата, таа конечно си ја прифати нејзината природна убавина и ја надмина несигурноста, па на својот профил на Инстаграм сподели неколку #nomakeup фотографии. И во магазинот „Harper’s Bazaar“ таа откри тајни за „убавина“ кои и помогнале да ја поврати самодовербата.

View this post on Instagram

Family paint night 🎨

A post shared by Demi Moore (@demimoore) on

Клучот е во хидратацијата

Деми вели дека добила многу совети за убавина од нејзината мајка. Првиот меѓу нив беше дека хидрираната кожа е клучот за убавината. Актерката Деми Мур неодамна изјави во видео за „Harper’s Bazaar“ дека секојдневно детално ја чисти кожата, а потоа богато ја хидрира во пределот на лицето, градите и деколтето.

Масажата на лицето е задолжителна

По нанесувањето на серумот, актерката детално ги масира лицето и вратот со ролер од жад за да го намали стресот и да го започне метаболизмот на кожата. Покрај тоа, масажата и помага да ги намали брчките, што е многу важно за неа.

Третманите се составен дел од нејзината рутина

Во споменатото видео за „Harper’s Bazaar“, таа изјавила дека убавото лице е сè, па затоа редовно оди на козметички третмани и се консултира детално за секој чекор  со нејзиниот дерматолог, кој најдобро го познава нејзиниот тип на кожа.

Убавината доаѓа одвнатре

Внатрешната рамнотежа е уште една од нејзините тајни. На панелот „Гоп“, во кој учествуваше со својата колешка Гвинет Палтроу, таа изјави дека убавината доаѓа одвнатре. Дефинитивно мислам дека убавината доаѓа одвнатре. Може да се грижиш за себеси однадвор како што сакаш, но ако не се чувствуваш добро одвнатре, не знам дали ќе се забележи нешто однадвор.Бројни фотографии на „Инстаграм“ покажуваат дека таа ужива секој ден, изгледа младешко и насмеано, и  и успева да не изненади со нејзиниот природен изглед и сјај.

View this post on Instagram

Morel mushroom treasure hunt…🍄

A post shared by Demi Moore (@demimoore) on

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi