Издвојуваме: Најважните правила за нега на кожата во бременоста

13 јули, 20200
bremenost

Негата на кожата во бременоста е од суштинско значење – фокусирајте се на основите и следете ги советите што ви ги издвоивме, за поздрава и помека кожа.

Чистење

Професионалци препорачуваат употреба на средства за чистење на лицето врз основа на глицерин. Ако имате проблеми со ултра сува кожа, тогаш најдобро е да го направите чистењето со производ што не се исплакнува, кој е благ и има хидрантни својства. Се препорачува да го миете / исчистите лицето не повеќе од двапати на ден за да спречите сушење.

Хидратација и UV заштита

Ова правило на грижа е можеби најважно, како во бременоста, така и надвор од неа: Користете хидрирачки крем со заштитен фактор – важно е заштитата да има широк спектар, т.е. да се дејствува против UVA и UVB зраците.

“Зголеменото ниво на хормони во бременоста промовираат размножување на пигментните клетки или хиперпигментација на лицето. Ако секој ден нанесувате крема за сончање, без разлика дали е надвор има дожд или сонце, тоа е најдобриот начин да се избегне хиперпигментација. Треба да користите минимум SPF 30 и повеќе, доколку планирате да поминете време на сонце.

Акни и масло

Ако имате мрсна кожа, склони кон појава на акни, најверојатно  најлошите проблеми со нив ќе ги преживеете во првите три месеци од бременоста. Овие проблеми најбезбедно е да се решат со препарати кои содржат гликолна киселина, алфа хидрокса киселина, или – само по препорака – еритромицин.

Во принцип, повеќето дерматолози се согласуваат дека не треба да се користат ретиноиди или салицилна киселина. Иако не е докажано дека кое било од овие хемиски соединенија има никаква врска со вродени маани, исто така, не постои истражување што би го потврдило спротивното – според тоа, подобро е да се биде внимателен. Проверете го составот на козметичките производи што ги користите!

Брза и лесна шминка

Кога станува збор за шминка во бременоста – ве советуваме да се придржувате кон филозофијата: „Помалку е повеќе“.

Побрзо и полесно е. Сè што навистина треба да ставите на лицето, се неколку повеќенаменски производи. Пудра во прав – што може да послужи и како прикривач што ќе ги покрие темните подочници и црвенилото доста добро, но исто така ќе биде одлична основа за навечер. Потоа, дебелите моливи – тие можат да послужат како руменило, молив за уста или очи во исто време, без да заземаат премногу простор во вашата торба. Ако сте жена која не знае да живее без кармин, проверете дали е тоа бренд кој може да се пофали со хидрантни својства, како и заштитен фактор. Конечно, нанесете водоотпорна маскара и подготвени сте да одите!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi