Совршен тен за неколку минути: Дали знаевте дека можете сами да направете препарат за самопотемнување од само една состојка?

2 август, 20200
ten

За постигнување на убав бронзен тен ви се потребни неколку дена на море, планина, езеро, а тоа подразбира и часови изложување на сонце. Знаеме дека сончевите зраци ја уништуваат кожата, а можат да предизвикаат и рак, па многу жени во последните неколку години се штитат од сонце.

Често, дамите се осврнуваат кон препаратите за самопотемнување, а ние денеска ви претставуваме еден едноставен рецепт по кој кожата ќе ви биде мека и кадифена, а тенот бронзен. Препаратот се состои од само една состојка, но важно е пред неговото нанесување добро да го припремите телото односно да направите пилинг на кожата.

Препаратот лесно се размачкува, а помага и во ублажување на изгорениците од сонце. Сè што ви е потребно е – црн чај! Во 2 децилитри зовриена вода, додајте 2 супени лажички црн чај, оставете да се излади, а потоа процедете. Ставете го чајот во шишенце со распрскувач и напрскајте го целото тело и секако, лицето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi