Животната приказна на Мјуча Прада: од пантомимичарка до најпризнаена жива модна дизајнерка

5 април, 20200
прада

Замислете да сте родени во династија на моден могул чие богатство датира уште од 1913 година. Замислете дека за малку немало да бидете дел од моќна семејна приказна, а кога ќе станете, да ги зголемите тројно примањата и да ја завртите наопаку и неа и сите модни канони. Токму ова му се случило на девојчето по име Мјуча Прада, најмладата внука на Мари Прада и моментално најпризнаената модна дизајнерка на светот.

Иако израснала во семјство во кое сè се врти околу модата, Мјуча Прада немала никакви афинитети да влезе во дизајнерските води. Всушност, свесно бегала од тоа.

По завршувањето на факултетот започнала да се занимава со пантомима во миланскиот театар Пиколо. Подоцна, во 70тите години бурно почнала да се бори за правата на жените, а успеала и да докторира на политички науки и да стане сопственичка на мала галерија на современи уметности.

Кон семејниот бизнис се приклучува во 1978 година од чиста револтираност. Со години се обидувала да го убеди семејството дека Прада стагнира и дека ќе остане запамтена само по изработката на досадни кожени чанти, исти какви што изработувал нејзиниот дедо кога е основана фирмата.

Мјуча Прада одлучила да ги земе работите во свои раце и да ја промени сликата за Прада од корен. Се осмелила да го раздрма кожното кралство и веќе од 1985 година никој не паметел како изгледала Прада некогаш. Оваа година се случил пресврт бидејќи таа ги лансирала познатите црвени најлон чанти, кои станале најбараното модно парче, иако на нив не било испишано ниту логото.

Во 2000 година Прада повторно ги лансира малите најлон чанти од 80тите

Кога во текот на 70тите години главната мода била жените да се облекуваат како мажи за да добијат лажен привид на почит, Мјуча ја открила тајната состојка- комбинирање на тешки материјали со женствени детали како карнери, пастелни бои и накит. Така, жените не ја изгубиле својата нежност, а сепак создале гард.

Исто така, кога во 80тите била актуелна диско модата со секакви блескави и светлуцави материјали, Мјуча ја лансирала првата женска колекција подготвена за носење и тоа комплетно црна.

Таа отсекогаш знаела да даде личен печат во своите модели. Никогаш не креирала гардероба само за комерцијални цели. Преку минималистичкиот стил таа секогаш праќала големи пораки.

Па така, на последната модна недела во Милано, креациите на Прада биле преплавени со кроп-топ креации. Кроп-топ е маица која е многу кратка и која изминатите сезони беше вистински хит. Но Прада, сакајќи да укаже на бесмисленоста на ова парче кое премногу открива за еден софистициран вкус, направила комбинација на кроп- топ маици со дебели џемпери, дури и со капути. Со ова сакала да покаже склад на нешто што навидум е нескладно.

Прада секогаш си поигрува со хитовите на сезоната и ги сместува во крајно неочекуван концепт, но на така перфиден и промислен начин што модата станува универзална порака која секој ја разбира.

Како и да е, да не била Мјуча, Прада најверојатно ќе останела само фабрика за фини кожени чанти. Благодарение на Мјуча Прада е сериозна модна велесила која тешко дека ќе може да биде симната од престолот.

Заради Прада денес имаме мода која не се води од критики и конвенции, која е слободна да се развива, опоменува и насочува- мода која од класичните примери од уметноста го земала најдоброто и му додала современ шмек.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi