Убавината на допирот: зошто ни е толку важен?

10 мај, 20200
допир

Врската помеѓу допирот и менталната и физичка благосостојба е многу силна. Допирот го стимулира нервот vagus, кој се разгранува низ целото тело. Примарната улога на овој нерв е да го смири нервниот систем.

Допирот го прави и телото посилно и отпорно на болка, а го зголемува и нивото на окситоцин- хормонот кој прави да се чувствуваме убаво покрај оние кои ги сакаме.

И покрај предностите на човечкиот допир, за жал, луѓето денес сè помалку се допираат.

Ова се 3 стратегии кои делумно можат да го заменат овој недостаток.

1. Работете на блискоста

Кога поминувате низ голем стрес, само допирот на саканата личност може да направи стресот да се намали. Работете на пружање на чувството на блискост со саканите. Прегрнувајте се често, изненадете го партнерот со масажа. Само еден до два блиски контакти на ден ќе направи да се чувствувате подобро.

2. Алтернативна само-масажа

Во отсуство на драгите луѓе и само-масажата произведува позитивни ефекти исто како кога некој друг ве допира. Обидете се со тениско топче да ги масирате рацете секој ден. Тоа ќе влијае на квалитетот на сонот и на намалување на стресот.

3. Практикувајте јога

Било која активност која вклучува цврст допир на кожата ќе ги поттикне рецепторите за притисок да го активираат вагусниот нерв. Јогата е една од најдобрите активности бидејќи вклучува директен притисок на подлогата за јога. Добри се и вежбите со дигање тегови, прошетката, трчањето и пливањето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi