Викенд диета – брз начин за намалување на килограмите

29 мај, 20200
Fruit and vegetable rainbow

Доколку сакате да симнете некое кило, а резултато да биде видлив за брзо време тогаш оваа диета е идеална за вас. Овој принцип на исхрана го креирал докторот Мајкл Моусли, а за кратко време стана популарен кај жените. Тоа е всушност начин на исхрана кој брзо дава резултат и не бара некое претерано откажување

Кои се правилата за диетата 5:2?

Методот на докторот Моусли не предвидува никакви забрани или строга правила. Пет дена во неделата деозволена ви е вообичаена исхрана и оброци на кои сте навикнати, а само два дена (најдобро е тоа да биде за време на викендот) треба да се ограничи внесувањето на калории. Ова ограничување значи внесување 500 калории за тие два дена.

Периодичното ограничување во исхраната и драстично помалото внесување на калории го поттикнува намалувањет натежината со минимален стрес за организмот. Тоа значи дека ќе губите килограми со умерено темпо, но без страв дали тие ќе се вратат кога ќе го прекинете овој режим на исхрана.

Во просек со оваа диета се губи едно кило неделно, а доколку сте и физички активни барем 3 пати неделно може да симнете и до 3 килограми во рок од 7 дена.

План на исхрана за работни денови

Овие денови како и обично јадете нормално ни помалце ни повеќе. Ако во исхраната додадете повеќе зеленчук и протеини тогаш ќе го убрзате процесот на губење на колограми. Важно е да запаметите дека 5 дена не сте на диета. Психолошки е многу полесно да се придржувате на прехрамбените навики ако знаете дека немате забрани

План за исхрана за викенд

Според докторот Моусли овие два дена внесувањето на калории не треба да премине над 500 за жени, а 600 за мажи калории вкупно.

Тоа би изгледало отприлика вака: 200 калории за појадок и по 150 калории за ручек и вечера

Појадок: омлет од 2 јајца, многу зеленчук и лажица немасно сирење

Ручек: парче пилешко бело месо, салата и парче интегрален леб

Вечера: Рибни филети, салата и парче интегрален леб

Доколку навечер осетите глад напијте се една шоља немасен јогурт.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi