Вишокот на килограми е најчестиот предизвикувач на разни видови рак: Луѓето со здрава тежина поретко заболуваат!

2 септември, 2020
166255_profimedia0330233592_ls

Студијата испитувала скоро 5.000 возрасни лица од 45 до 76 години и нивниот план за губење на тежината за време од 11 години

Не е тајна дека здравата тежина влијае и на подобро здравје – помал ризик од срцев удар, метаболички статус, понизок крвен притисок и уште многу. Сепак, урамнотежената исхрана и редовното вежбање, исто така, драстично го намалуваат ризикот од одредени видови на рак.

Имено, студиите покажаа дека губењето на вишокот килограми го намалува ризикот од рак на бубрезите, дебелото црево, панкреасот, жолчното кесе, црниот дроб, дојката и тироидната жлезда, објави Националниот центар за истражување на рак.

Студијата испитувала скоро 5.000 возрасни на возраст од 45 до 76 години, кои немале малигни заболувања. Тие ја следеле телесната тежина 11 години, а пред тоа им дале планови за слабеење.

После 11 години, научниците откриле дека карциномот се појавува кај 14% од испитаниците, поточно 684 од нив, а токму тие ја запоставиле својата тежина и се здебелиле. Оние кои го следеле планот за слабеење и се грижеле за својата тежина, немале малигни заболувања.

Резултатите од студијата беа објавени во стручното списание „Дебелина“.

escort - Korsan taksi