ВО НИКОЈ СЛУЧАЈ НЕ ВЕРУВАЈТЕ ВО ПРИКАЗНИТЕ ДЕКА ОВА ГО УНИШТУВА ВИРУСОТ: Лекарот реагираше на озборувањата за производот што веројатно сите го имате дома!

10 ноември, 2020
og

Производителите велат едно, но лекарите сосема друго!

Кога се појави корона вирусот, научниците и производителите на разни средства ширум Светот се обидоа да откријат што „магично“ ќе го искорени вирусот, кој, во меѓувреме, зарази повеќе од 51 милиони луѓе ширум планетата.

Иако носењето маска додека се држи на растојание и се избегнува собирање е единствениот начин да се спречи ширењето на вирусот додека не се појави вакцината, сè уште се спроведуваат студии за ефикасноста на различните препарати.

Претходните прелиминарни студии покажаа одредена ефикасност на миењето на устата против вируси и бактерии.

Новата студија беше спонзорирана од производител на козметика, вклучително и средства за миење на устата, а покажа поголема ефикасност, „особено со коровавирус“.

“Ако користите средство за плакнење на устата што содржи супстанција цетилпиридиниум хлорид, може да го уништи вирусот присутен во усната шуплина. Оваа супстанца има штетно влијание врз патогените микроорганизми во усната шуплина и убива дури 99% од нив”, велат авторите на спонзорираната студија.

Но, лекарите предупредуваат дека ова воопшто не е начин да се запре ширењето на коронавирусот и дека на ваквите студии не треба да им се верува.

“Течноста за плакнење на устата може да има ефект врз вирусите или бактериите, до одреден степен. Но, без разлика дали навистина продира во носот и белите дробови каде е ковид-19, сигурно не. Мора да бидеме многу внимателни во прифаќањето на резултатите од различните студии, сигурно ќе се зголеми продажбата на такви средства, но никогаш не смееме да се потпреме на нив како средство за превенција или лекување “, рече д-р Хилари Џонс во емисијата „Добро утро, Британија“.

escort - Korsan taksi