Врвен австриски готвач ја открива тајната на најдобрата виенска шницла!

15 мај, 20200
шницла

Виенската шницла е прочуениот австриски специјалитет кој се состои од поховано тенко парче телешки бут.

Тајната на вкусната виенска шницла лежи во специјалната подготовка, каде што месото најпрво се валка во брашно, а потоа во јајца и на крајот во презла.

Се пржи во тавче, а потоа се послужува со компир салата или пржени компирчиња.

Парчето месо се подготвува од домашно свинско и телешко месо, свежи лебни трошки, а тајната на совршената шницла лежи во пржењето.

Готвачите ја пржат во сончогледово масло.

“Тајната е во температурата на пржење”, открил Маркус Брунер, главен готвач во еден ресторан.

За да биде месото сочно, тоа се сече дури по нарачката, па се мава со толчник за месо на точно 4 милиметри дебелина и размер од 30 сантиметри.

Месото полека се става во тавчето за пржење, никако не се притиска или тапка. Тоа е многу важно за да се создаде убава и крцкава кора.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi