10 луди начини на кои можете да ги користите компирите!

11 април, 20200
kompir

Постои ли некој кој не сака компири?

Овој популарен зеленчук можете да го подготвите на многу начини- печен компир, пире, помфрит и чипс се само некои од нив. Но освен што се сестрани намирници, компирите често можат да се користат и на некои неочекувани начини кои немаат баш врска со храната.

Чистење ‘рѓа

Исечете свеж компир и едноставно тријте го на ‘рѓава површина. Киселината која се наоѓа во компирот ќе ја стопи ‘рѓата која потоа може да се отстрани со кората од компирот.

Ублажување на подочниците

Свежиот компир содржи природни  средства за избелување кои ќе ги осветлат темните подочници и ќе ги смалат вреќичките под очите. Се што треба да направите е да земете две кругчиња компир и да ги држите на очи 10 минути.

Производтсво на Вотка

Компирите се едни од главните состојки кои се користат за производство на вотка. Ако имате вишок компир (барем десетина килограми) и многу слободно време, можете да направите своја вотка.

Спречување на појавување на магла на очилата

Ако пресечете компир на половина и со него ги намачкате очилата (за пливање, нуркање, скијање), сокот од компир ќе спречи да се создаде влага. Ист метод може да се користи на ветробрански стакла, прозори, па дури и наочари за вид.

Светнување на чевли

Намачкајте ги своите кожени чевли со компиров сок и вратете им го стариот сјај, само внимавајте по светнувањето да го избришете останатиот сок.

Изработка на печати

Пресечете компир, изрезбајте дизајн по желба, потопете го во мастило и можете да користите печат. Децата несомнено ќе бидат воодушевени

Нега на кожата

Компирите содржат витамини и останати хранливи материи кои се клучни за чистење на порите и спречување на појавување црвенило на лицето. Компирите се корисни и во борбата против мозолчиња, митесери и масна кожа. Можете да исечете свеж компир и со сокот да го намачкате делот од кожата (држете го на кожа максимум 2 минути), или можете да ставите компири во блендер и да направите маска за лице. Маската можете да ја држите на лицето 15 минути, а потоа да ја отстраните.

Топли или ладни облоги

Играта “врел компир” не случајно го добила своето име. Имено, компирите имаат способност за задржување на моменталната темпертура долго време, независно дали се работи за ниска или за висока температура. Затоа, од компирот можете да направите топли или ладни облоги, а температурата ќе ја држи подолго и од вистинските облоги!

Држач за цвеќе

Компирот може да се користи место пена за да може цвеќето во еден цветен аранжман да остане на место. Пресечете го компирот на половина, ставете ја едната половина со лицето надолу, издлабете дупчиња за стебла и ставете го цвеќето!

Праќање на пораки

Верувале или не, испраќање на компир со прилагодена порака станува многу популарно. На пример, во САД се појавиле многу Веб страни на кои можете да нарачате компир со напишана порака, и кој потоа можете да го испратите на некој примател.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi