Болката во стомакот може да биде опасна: Благи симптоми кои укажуваат на Ковид 19 а пациентите најчесто ги занемаруваат!

14 ноември, 2020
stomak


Сите веќе ги знаеме симптомите кои се ран знак на корона инфекција со вирусот – тоа се, најчесто, кашлица, треска и губење на чувството за вкус или мирис. Сепак, постојат и други, поблаги симптоми на кои пациентите обично не обрнувале внимание, но подоцна откриле дека се знак на болеста.

1. Болка во стомакот

Ние сме навикнати да ја припишуваме болката во стомакот на проблеми со варењето на храната, а во случај на инфекции, виновникот е обично норовирус. Сепак, студија објавена во американскиот журнал за гастроентерологија покажува дека скоро половина од пациентите вклучени во ова набудување дошле во болница со симптоми на дијареја, повраќање или абдоминална болка.

2. Инфекција на окото

Очите постојано беа споменувани како потенцијална влезна точка на коронавирусот во телото. Британското здружение на оториноларинголози вели дека конјунктивитисот може да биде еден од раните знаци на ковид-19. Ова е вообичаено за други слични и помалку опасни корона вируси.

Korona

3. Чувство на дезориентираност

По закрепнувањето од ковид-19, пациентите опишуваат како да чувствувале некаков ментален блок на самиот почеток на болеста, пред да се влошат симптомите. Тие ја опишуваат состојбата како еден вид „замаглување во главата“, притисок и желба за легнување, потреба за спиење и неможност за концентрација на што било.

4. Исцрпеност

Целосната исцрпеност претходеше на потешки симптоми кај многу пациенти. Некои од нив велат дека состојбата ги потсетила на грипот, но дека знаеле дека станува збор за нешто посериозно веднаш штом започна силното стегање во белите дробови. Не чекајте да влезете во ситуација да се борите за воздух. Следете го вашето тело и доколку почувствувате некој од овие симптоми, јавете се кај вашиот лекар.