Експертите предупредуваат: Никогаш не ги правете овие шест штетни навики после јадење!

16 септември, 2020
77722049357bafe796dff7134434450_w640-356x250

За да не бидетете подложни на болести и стареење премногу брзо, не ги правете овие грешки по оброкот!

Јадење овошје

Ако јадете овошје веднаш по оброкот, на вашиот стомак му треба многу повеќе време за да го свари, дури и до степен до кој може да изгние во тој дел од телото. Ова доведува до ослободување на штетни гасови и појава на целулит. Затоа, овошјето треба да се јаде најмалку два часа по оброкот.

Пушење

Според истражувањето, дури 80 проценти од пушачите ја имаат оваа навика, но не се свесни за штетните последици. Иако сите знаеме дека самите цигари се штетни поради никотин, после јадење секоја цигара е 10 пати поштетна од вообичаеното.

Пиење чај

Главната состојка на чајот – теин – се врзува за железото што се наоѓа во организмот и го отежнува нормалното варење. На анемичните луѓе особено не им се препорачува да пијат чај веднаш по оброкот. Треба да почекате барем еден час по оброкот.

Туширање

Туширањето после оброк во никој случај не се препорачува, бидејќи е познато дека водата ја стимулира циркулацијата на крвта, сепак откако ќе јадете, крвта оди во стомакот каде што се вари, наместо до екстремитетите.

Физичка активност

Иако преовладува спротивното мислење, физичката активност во никој случај не е пожелна после јадење, особено ако е интензивна. Ако започнете да тренирате откако ќе јадете нешто, вашиот дигестивен систем ќе биде збунет и нема да може да се фокусира на апсорпција на хранливи материи од храната што ја проголтавте. Исто така, многу е веројатно кога вежбате да се чувствувате како да имате камен во стомакот.

Легнување и спиење

Кратка пауза е пожелна, но спиењето и лежењето не доаѓа во предвид. Кога јадете, вашето тело забавува бидејќи се активираат органите за варење, кои ви ја одземаат силата. Сепак, бидејќи лежењето не е природно за варење, соковите во вашиот стомак не можат добро да ја извршуваат својата функција.

escort - Korsan taksi