Експертите советуваат да не го направите ова воопшто кога ЧИСТИТЕ! Фатална грешка од која можете да добиете опасни изгореници или уште полошо!

12 април, 20200
cistenje

Луѓето превземаат мерки на претпазливост заради корона вирусот, но некои преминале еден чекор подалеку и го направиле тоа што апсолутно не треба.

При чистење, експертите предупредуваат колку е опасно мешањето на средства за чистење. Едно неодамнешно истражување покажа дека еден од 20 луѓе го прават токму тоа заради страв од инфекција.

Последиците можат да бидат ужасни!

За почеток, некои хемикалии лошо реагираат едни на други, што може да има опасни последици, една од ние е да се разболите. Мешањето на белилото и амонијакот создава токсичен облак што може да предизвика иритација на очите, респираторни проблеми и оштетување на органите, велат експертите.

Употреба на белило со оцет или сок од лимон. Немојте да го правите ни ова! Оваа мешавина ќе создаде испарување што може да предизвика хемиски изгореници и да го нападне респираторниот систем и може да биде фатално ако се направи во просторија без свеж воздух.

„Никогаш не мешајте производи засновани на хемикалии. Ако дамката или оштетувањето на ткаенината е толку лошa што размислувате да мешате хемикалии, јас силно препорачувам да го оставите тоа на професионалците“, вели експертот Дејан Димитров.

Според него, ниту белилото, ниту алкохолот не треба да се мешаат; кога елементи од овие производи се мешаат, можете да се разболите. И, ако вдишувате премногу, тоа би можело дури и да ве убие!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi