Како се прави самомасажа на гради?

23 април, 20200
gradi 1

Во секојдневните ритуали за нега, жените често забораваат на своите гради. Но, лимфниот систем е концентриран токму таму, во делот кај пазувите и градите, а носењето градник може да ја поремети лимфната циркулација, па масажата на тие делови го поттикнува лачењето на насобраните токсини и лимфни течности и на тој начин во ткивата се таложи нова, свежа крв. Самомасажата на градите не е корисна само за стимулација на циркулацијата и детоксификација, туку таа е и убав начин да се поврземе со себе и да уживаме во своето тело.

Еве неколку насоки како да ги масирате градите:

1. Нанесете масло на градите и градниот кош

2. со дланката на едната рака допрете го горниот дел на спротивната града, на тој начин прстите да ви ја допираат јамата под пазувите, а палецот да е поставен на градниот кош. Многу нежно стискајте со дланката во ритмични движења за најпрво да го поттикнете чистењето на наталожената лимфа.

3. Полека наместете ја раката така што со дланката да ја покривате дојката. Со еднакви движења нежно измасирајте ја цела дојка (однадвор, однатре, околу брадавицата)

4. На крајот, со масажни движења нежно “истиснете” го вишокот течности од гредите во правец на пазувите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi