ЛУК И МЕД – НАЈМОЌНАТА ПРИРОДНА МЕДИЦИНА! Земајте ја оваа мешавина секое утро и видете што се случува!

17 септември, 2020
BELI-LUK

Лековитите својства на лукот се познати уште од античко време, а сега се потврдени. Еве како лукот го користеле народите низ историјата и како можеме да го користиме денес и каде сè може да ни помогне.

Античката медицина го познава лукот како многу добар лек во лекувањето на многу болести. Дури и античките Египјани им давале на своите робови лук за да ги одржуваат во добра состојба, а во Јапонија се користел против познатата болест бери-бери.

Низ историјата во сите делови на светот за време на војните секогаш кога владееле глад и сиромаштија лукот бил и важна храна и лек за многу болести. Црниот леб, лукот и киселото млеко се основната храна на стогодишниците од Кавказ.

Добро познато современо истражување исто така покажува дека лукот игра значајна улога во борбата против холестеролот и високиот крвен притисок. Голем број на билни препарати базирани на лук се достапни во аптеките ширум светот, кои се користат како помошни лековити и превентивни средства.

За лековитите својства на ова растение зборува проф. Д-р Бранислав Михајловиќ од Институтот за природни науки.

“На прво место лукот го намалува крвниот притисок, како и нивото на холестерол во крвта. Веднаш после тоа, ова растение е докажан антибиотик затоа често се користи за борба против настинка и грип, а се користи и како превенција од овие болести. Редовно консумирање лук “Го намалува ризикот од рак го зголемува имунитетот и производството на антитела во организмот. Ги штити крвните садови и го намалува ризикот од срцев удар и мозочен удар”, вели проф. Д-р Михајловиќ.

Проф. Д-р Бранислав Михајловиќ потврдува дека лукот е ефикасен и против настинка и грип, еве како:

“На самиот почеток на грип или настинка добро е да се јаде една или две чешниња лук, бидејќи ова растение ефикасно убива вируси, бактерии и габи, така што може да спречи понатамошен развој на болеста на самиот почеток. Доколку се појави болест, лукот повторно ќе помогне затоа што е моќен антибиотик. Го олеснува кашлањето и исфрлање на шлајм. “

escort - Korsan taksi