Мажи внимавајте! Овој знак за време на мастурбацијата може да сигнализира дека имате почетна фаза на рак на простата!

5 октомври, 2020
простата

Внимавајте на сите промени
Ракот на простата започнува во мала жлезда во форма на орев кај мажите, а тоа е токму онаа во која се произведува сперма, која ја храни и транспортира спермата, според познатата американска клиника „Мајо“.

Иако карциномот на простата обично нема симптоми се додека не стане доволно голем за да се изврши притисок врз уретрата, постои знак што може да се појави при ејакулација.

Имено, помала количина на ејакулирана течност може да сигнализира рак на простата. Во исто време, болни ејакулации исто така може да укажат на оваа болест.

Чести симптоми на рак на простата се:

-потреба за често уринирање, особено навечер

-тешкотии при мокрењето

-слабо и мокрење со прекини

-чуство на болка и печење при мокрењето

-тешкотии при изразување на ерекција

-болка и укоченост во долниот дел на грбот,куковите и бутките

Според Националната служба за јавно здравје во Велика Британија, ризикот од рак на простата не е поголем кај мажите со зголемена простата, отколку кај оние со нормална големина.

Она што е познато засега е дека ракот на простата е почест кај постари мажи на возраст од 75 до 79 години, како и кај мажи со афро-американско потекло. Најмалку се јавува кај Азијците.

Исто така, истражувачите откриле врска помеѓу дебелината и прекумерната тежина, како и повисок степен на рак, односно негов побрз раст.

Затоа, лекарите советуваат дека сите мажи кои забележуваат какви било промени во ејакулацијата, сфаќаат сериозно и контактираат со лекар.

escort - Korsan taksi