Менструацијата може да биде уште потешка со овие 6 грешки кои повеќето од жените ги прават

1 јули, 20200
cvekje

Со грешни постапки во оние денови може многу да си отежнеме.

Добро се сеќаваме на една реклама за хигиенските влошки. Жена се фрла со падобран и прави други адреналински предизвици со порака дека во текот на оние денови можеме се, но…

На конец е приказната како жена седи на кауч и со задоволство јаде пуканки. Бидејќи, да бидеме реални, повеќето жени за време на менструација сака да биде под ќебе и да ужива во најомилената серија на Netflix.

За жал, многу често наместо да си помогнеме правиме некои работи, кои за жал не ги олеснуваат оние денови, туку ги влошуваат. Проверете случајно да не ги повторувате истите грешки секој месец.

Не ги миете рацете пред промена на тампон

Тоа звучи нехигиенски, но кој од нас не ја направил оваа грешка барем еднаш во животот. Имено, се случува да се брзаме, негде на пат и единствено нешто што сакаме е што побрзо да го смениме тампонот.

Но, секогаш, се трудите да водите сметка ова да го правите со чисти и дезинфициани раце.

Во спротивност ризикувате пренос на бактерии. Доколку знате дека нема да бидете во можност да ги измиете рацете пред да смените тампон, со вас секогаш носете средство за дезинфекција на раце.

menstruacija_greske

Го оставате тампонот во ноќта

Експертите советуваат Тампонот да не се остава за време на ноќта, поготово ако спиете подолго, и не се будите во текот на вечерта за да го смените. Имено, ако тампонот , дали преку ден или вечерта, го оставите предолго во телото може да ви се појави синдром на токсичен шок.

Препорачуваат тампонот да се менува на секои четири часа. А во текот на ноќта користете хигиенски влошки.

Користете аспирин за менструалните болки

Многу често менструалните денови не се подносливи поради тешките болки, поради оваа причина е јасно зошто користиме апчиња против болки. Но, аспиринот треба да го избегнувате бидејќи тој ја разредува крвта и со тоа може да го зголеми менструалното крварење.

Во текот на менструацијата се движите што е можно помалку

Наместо на посегнете по апчиња против болки, подобро би било да се занимавате со физичка активност. Знаеме, тоа често звучи како невозможна мисија, но бројните истражувања , но и искутва на жените, кажуваат како грчевите при физичка активност се намалуваат.

Слушајте го своето тело и изберете ја онаа активност која во моментот ви одговара.

За некои тоа е јогата, за некои трчањето, а некои ќе се упати кон долга прошетка.

menstruacija_pogreske

Не внесувате доволно магнезиум

Една од главните причини за зголемено крварење и силни грчеви е поради недостатокот на мегнезиум. Магнезиумот позитивно делува на мускулите, а неговата маана е тоа што може да ги зголеми грчевите.

Пред почетокот на менструалниот циклус, започнете со пиење магнезиум, а може да продолжите да го пиете и за време на циклусот.

Не сте склони на менување на хигиенските производи

Секако, еднаш кога ќе го пронајдеме оној производ кои ни пасува, често несакаме да го менуваме.

Но, како што годините поминуваат барате нови производи, кои може би ни ги олесниле оние денови во месецот. Затоа бидете отворени за нови работи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi