Може ли Д витаминот да помогне во борба против КОВИД-19?

8 април, 2020
vitamin d

Како се произведува витамин Д?

Витаминот Д се произведува во кожата со изложување на телото на сонце, а доволни се само 10-15 минути на ден. Витамин Д потешко се создава во текот на зимските месеци, а количината која ќе ја создадеме во текот на пролетните и летните месеци зависи од тоа колку време ќе поминуваме на сонце, зависи и од временските услови и други фактори. Дури и во лето, кога е облачно, врнежливо и нема доволно сонце, не можеме да создадеме доволно витамин Д. Добрата вест е дека недостатокот може да се надополни со земање на одредена храна како јајца, џигер и масна риба од типот на лосос.

Кој има најголем ризик од недостаток на Д витамин?

Луѓето кои не се изложуваат на сонце или не јадат храна богата со витамин Д се најмногу на ризик, особено оние кои се приморани да седат дома. Други луѓе кои се во ризик се обезните луѓе и оние кои генерално немаат доволно физичка активност, како и болните од астма или оние со хронични белодробни болести. Д витаминот може да се зема без лекарски рецепт.

Професорката Роуз ен Кени вели: ”Имаме докази дека витаминот Д игра улога во превенцијата од инфекции на белите дробови, особено кај постарите луѓе. Во едно истражување Д витаминот ја намалил инфекцијата на бели дробови кај половина од луѓето кои земале суплементи. Иако не ја знаеме точната улога на витаминит Д во борба против инфекциите од КОВИД-19, сепак има докз дека го подобрува имунитетот, така што треба да се осигурате дека имате соодветна количина на витамин Д во вашиот организам. Препорачаната дневна доза на витамин Д е 400 IU (10ug)”