Може ли витаминот К да помогне кај инфекција од COVID-19? Научниците велат дека е важен при регулација на коагулацијата на крвта

10 јули, 20200
vitamin k

Холандските научници, кај пациенти кои умреле од ковид-19 или се примени на одделението за интензивна нега со дијагноза на таа болест открија недостаток на витаминот К, кој е важен за регулирање на коагулацијата на крвта.

Докторите кои го проучуваа развојот на болеста во болница во градот Нејмеген, најдоа поврзаност помеѓу болеста и овој витамин, токму поради тоа што ковид-19 предизвикува коагулација на крвта, што доведува до разградување на еластичните влакна во белите дробови, а витаминот К, кој во организмот се внесува преку храната и се апсорбира во гастроинтестиналниот тракт, клучен е за синтеза на протеинот кој ја регулира коагулацијата. Тие веруваат дека би можел да го заштити лицето од потежок облик на заболување на белите дробови.

Холандските изтражувачи сега чекаат рецензија на студијата, а по одобрувањето би почнале со клиничките испитувања.

Д-р. Rob Jansen, научник кој работи на проектот, вели дека, со оглед на почетните резултати од студијата кај луѓето ќе се поттикне што поголем внес на витаминот К во организмот, со исклучок на пациентите кои се на терапија со лекови за коагулација на крвта како што е варфарин.

Тој вели дека овој нутриент е добар и за крвните садови, коските и за белите дробови во секој случај и дека треба да се зема. 

“Витамините K1 и K2. K1 го има во спанаќот, брокулата, зелениот листест зеленчук, боровницата и во сите видови овошје и зеленчук. Организмот подобро го апсорбира K2 витаминот, а го има доста во холандските и француските сирења, односно тврдите и мувлосаните сирења.’’

“Со витамин К2 посебно е познато познатото традиционално јапонско јадење од ферментирана соја, нато, со карактеристична леплива структура и опор вкус, поради што дополнително ќе ја истражуваме неговата здравствена корист”, рече тој.

Истражувањето е спроведено во соработка со Институтот за кардиоваскуларни болести во Мастрихт, еден од најголемите европски институти за истражување на кардиоваскуларните болести. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi