На ова место во Вашиот автомобил ја чувате заштитната маска?? Може да биде многу опасно

4 август, 20200
maska

За време на пандемијата на вирусот корона, неопходна е заштитна маска со цел да се заштити нашето здравје и здравјето на другите луѓе.

Бидејќи секогаш ни е при рака, многу луѓе што се возачи во својот автомобил чуваат заштитна маска која виси на внатрешниот ретровизор.


Но, тоа може да биде опасна идеја, предупредуваат експертите!

Проблемот не е само во тоа што видното поле на возачот е ограничено, особено при вртење, туку и затоа што маската го одвлекува вниманието на возачот во тој момент.
Истото важи и за приврзоци за ретровизор.

„Дури и релативно малите приврзоци за ретровизори, освежувачи на воздухот и сл. се опасни“, вели Питер Ракер, автор за истражување на несреќи за германската компанија ДЕКРА, додавајќи:

“Значи, тоа е уште поважно за релативно големите маски за лице.”

„Бидејќи тука секогаш се наоѓа објект што виси, возачите се навикнуваат на постојани движења на работ на полето на видот. Последица е што возачите забележуваат движења надвор од возилото многу подоцна, како што се велосипедисти или пешаци од десната страна на патот“, објаснува експертот, предупредувајќи дека ова може да предизвика сериозни сообраќајни незгоди.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi