Неколку совети како да се заштитите од Корона вирусот за време на празниците

8 декември, 2020
testiranje

Д-р Дебора Ли напиша неколку совети за тоа како да се избегне заразата за време на празниците.

1. Носете маска

Ли вели дека носењето маски е пропишано како задолжително од една главна причина, а тоа е дека тие штитат. “Зошто е тешко за некои луѓе да прифатат носење маска? Ако носењето маска спречува дури и еден случај на пренесување на ковид-19, зарем таа причина не е доволна за да се започне да се носи?”, Праша лекарот.

2. Избегнувајте големи собири

Објаснувајќи зошто не треба да одите на големи собири, Ли даде пример. “Ако секое од 10-те заразени лица оди на свадба на, да речеме, 100 гости, тоа може потенцијално да зарази 1.000 луѓе. Ако 10 заразени одат на помала венчавка, да речеме, од 10 гости, бројот на заразени може да биде 100”, рече таа.

3. Научете да кажувате „не“ доколку ризикот е преголем

Ситуацијата во која се наоѓаме сите е потполно нова и невообичаена, па такви се ситуациите кои беа нашето секојдневие до вчера. Ако сте планирале да одите на некој настан или сте се договориле со пријателите да одите на некое патување, но не се чувствувате безбедно и воопшто не сакате да одите, кажете им го тоа. Бидејќи сите се наоѓаме во различни ситуации, секој мора да биде во можност да го направи она што го смета за правилно за себе, без да се чувствува виновен.

4. Грижете се за вашето тело и имунолошки систем

Јадете здраво и обидете се да јадете помалку црвено месо, и повеќе пилешко, риба и мешунки, овошје и зеленчук, кои се полни со антиоксиданси, што ќе го зајакне вашиот имунолошки систем. Јадете повеќе влакна и намалете ја количината на сол во вашата храна. Пијте повеќе вода и намалете го алкохолот.

Бидете сигурни да вежбате умерено триесет минути најмалку пет пати неделно, и грижете се за вашата тежина и обидете се да се ослободите од вишокот килограми. Превенцијата е најдобриот лек за секоја болест.

escort - Korsan taksi