Оваа намирница содржи повеќе железо од спанаќот! Ја користи Новак Ѓоковиќ, одлична е за имунитет, вид и нерви

26 август, 2020
806553_novak-djokovic_ls


Спирулината е позната како најбогат извор на бета-каротин, бидејќи содржи 10 пати повеќе од морковите. Покрај тоа, тоа е целосен протеин, што значи дека ги содржи сите девет есенцијални масни киселини. Исто така, богата е со витамини и минерали. Една дневна доза спирулина во прав содржи повеќе железо отколку две чаши спанаќ. По бербата, се прави дебела паста од спирулина, која потоа се суши. Се продава во форма на прав, таблети, капсули и снегулки. Стандардната дневна доза е 5 g, но оваа количина може да се зголеми во зависност од возраста и тежината. Ги штити нервите и видот

Спирулина за добра крвна слика и здрав организам - Стандард

Оваа сино-зелена алга исто така содржи зеаксантин – моќен антиоксиданс корисен за нервниот систем и очите. Исто така е ефикасна при труење со тешки метали затоа што ги врзува, а потоа помага да ги извадите од телото. Исто така е ефикасна против штетното зрачење. Помага во регулирање на телесната тежина

Spirulina em Pó

Спирулината ја олеснува борбата против вишокот тежина, затоа што брзо создава чувство на ситост. Ја дава потребната енергија и не содржи шеќер. Сепак, експертите предупредуваат дека диетата не треба да се заснова исклучиво на спирулина, бидејќи таков режим не е здрав и не дава долгорочни резултати. Надминување на дневните дози може да предизвика дисфункција на бубрезите и црниот дроб. Исто така, во случај на болест и терапија со лекови, треба да се консултира лекар пред да земе спирулина.

escort - Korsan taksi