Oвие намирници никогаш не смеете да ги комбинирате со лекови!

16 јуни, 20200
hrana

Бидете внимателни со комбинацијата на лекови и храна – кафето може да го ослабне ефектот на антипсихотици, но и да го зголеми ефектот на некои лекови, како што е аспиринот.

Можеби сте слушнале дека одредени лекови не треба да се комбинираат, но како влијае она што го јадеме и пиеме врз нас? Пред да земете фармацевтски лек за прв пат, неопходно е да се консултирате со вашиот лекар за тоа каква храна или пијалоци треба да се избегнуваат, поради тоа што е можно лошо да влијаат на дејството на лекот, но и да предизвикаат негативни реакции во вашиот организам.

1. Грејпфрут

Ова цитрусно овошје влијае на тоа како клетките во дигестивниот тракт ја носат супстанцијата низ телото и можат да влијаат на 50 различни лекови. Одредени лекови можат целосно да го изгубат дејството, па ќе биде залудно да ја примате терапијата.

2. Млеко

Млечните производи може да му отежнат на организмот да процесира одреден антибиотик и да го искористи максимумот на неговата активна супстанција. Минералите како калциум и магнезиум се делумно одговорни за тоа. Ако земате антибиотици, откријте дали има одредена храна или пијалоци кои не треба да ги консумирате заедно со антибиотикот.

3. Чоколадо

Темното чоколадо е една од намирниците кои можат да влијаат на дејството на таблетите, наменети за полесно заспивање. Исто така, ќе се зголеми ефектот на некои стимулативни лекови.

4. Додатоци во исхраната со железо

Тие можат да ги намалат ефектите на левотироксин, познат и како Л-тироксин, кој се користи за лекување на недостаток на хормони на тироидната жлезда. Ако го користите овој лек со мултивитамини, проверете дали не содржат железо. Ако ви треба баш тој додаток, разговарајте со вашиот лекар за тоа.

5. Алкохол

Сосема ќе го уништи дејството на одредени лекови, додека пак кај други (лековите за смирување, антипсихотици, антидепресиви, лековите за крвен притисок и срце …)  ќе го зголеми ефектот и ќе предизвика многу непријатни и потенцијално опасни несакани ефекти.

6. Кафе

Може да го ослабне ефектот на антипсихотици, што може да биде потенцијално опасно за пациентот на терапија, но и да го зголеми ефектот на некои други лекови, како што е аспиринот.

7. Зелка и слични лисни растенија

 Ако земате лекови кои спречуваат згрутчување на крвта (антикоагуланси), внимавајте колку витамин К земате. Може да го направи лекот помалку ефикасен и со тоа да го зголеми ризикот од згрутчување на крвта. Зелка, прокељ, магдонос, брокула и спанаќ се некои од најпознатите зеленчуци што содржат најмногу од овој витамин.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi