Пет лековити својства на маслиновиот лист

6 април, 20200
маслинка

Повеќето од нас уживаат во конзумирање на маслиновото масло и запознаени сме со неговата лековитост, но не знаеме дека листот од маслинка има разни лековити својства.

Листот од маслинка е традиционален лек кој со векови се користи за лекување. Едно од основните соединенија во листот од маслинка се вика олеуропеин и содржи антибактериски, антивирусни и антигабични својства. Некои истражувања покажале дека го намалува и крвниот притисок и шеќерот во крвта, а во себе содржи повеќе антиоксиданси и од зелениот чај. Денес во терапевтски цели најчесто се користи екстракт од лист од маслинка, или од листовите се вари чај.

1. Помага при остеопороза. Олеуропеинот го поттикнува развојот на клетките кои се задолжени за развој на коските и на тој начин помага во превенција во лечење на остеопороза.

2. Лечи бактериски и вирусни инфекции. Микроорганизмите како што се бактериите и вирусите се немоќни пред олеуропеинот. Тој во нив го спречува развојот на супстанциите кои им помагаат на микроорганизмите да се шират во организмот.

3. Го спречува стареењето. Слободните радикали и штетат на кожата, а листовите од маслинка се богати со фенолин и антиоксиданси кои ги неутрализираат слободните радикали и ја ревитализираат нашата кожа.

4. Го намалуваат крвниот притисок. Експертите докажале дека олеуропеинот ја подобрува циркулацијата, го спречува создавањето на крвни згрутчувања и го намалува крвниот притисок

5. Се бори против холестеролот. Бројните соединенија во листовите од маслинка спречуваат создавање на лош холестерол во нашиот организам.

Состојки за лековит чај од маслинови листови:

– 15 до 20 исушени листови од маслинка

– 2-3 дл вода

Подготовка:

Листовите од маслинка ставете ги во зовриена вода и варете ги 10 минути. Потоа тргнете ја водата од оган и оставете да се олади 15 минути. По желба во чајот додадете лимон и мед за подобар вкус.

Совет: За максимална корист од чајот од маслинови листови конзумирајте го редовно во текот на неколку седмици

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi