Повторно заборавивте нешто да понесете? Дали навистина сме многу СЕНИЛНИ или за се е виновен „ефектот на прагот“?

17 август, 20200
Annotation 2020-08-17 132655

Животната средина значително влијае на нашиот ум

Многумина од нас понекогаш мислат дека се навистина премногу сенилни и изгубени, кога сфаќаат дека се враќаат по втор пат да земат нешто што заборавиле пред да ја напуштат куќата.

Сигурно сто пати ви се случило да заборавите да ги понесете клучевите или нешто друго што навистина ви треба, а на некои им се случува од да заборават каде воопшто тргнале.

Откријте дали проблемот навистина е во вас, или има нешто друго во прашање…

Научниците од добро познатиот и признат универзитет во Нотр Дам спроведоа истражување во кое откриле дека за се е виновна – вратата!

Експеримент во виртуелна околина

Имено, психолозите Габриел Радвански, Сабина Кравиц и Андреа Тамплин го спроведоа овој експеримент давајќи им на две групи да играат видео игра во која се движеле со помош на копчињата со стрелки.

Во играта, тие се приближуваа до масите каде што имаа разни предмети, а нивната задача беше да ги однесат од една на друга, а на секоја наредна се наоѓал нов предмет.

Овие маси се наоѓале во иста или во различна просторија, а растојанието од кое учесниците патувале до секоја било исто. Тие ги носеле и предметите во виртуелна торба, но не можеле да ги видат.

Повремено биле прашувани за тоа дали знаат што носат, а нивните одговори биле побавни и неточни кога поминувале низ вратата и во нова просторија.

Експеримент во вистинско опкружување

Радвански решил да го спроведе овој експеримент со своите колеги и во реално опкружување. Задачите беа поставени скоро исти како во видео играта.

Просечното растојание помеѓу масите во сите простории било исто, но виртуелните кеси беа заменети со кутии за чевли. На овој начин, учесниците не можеа да ги разгледаат и да видат што има, поради што не беше можно мамење.


Крајните резултати беа скоро идентични со експериментот во виртуелниот свет, само разликата помеѓу двете групи беше всушност многу голема: Испитаниците кои оделе низ вратата за да стигнат до масата и да ја спуштат стварта, одговориле на прашањето за која работа ја носат многу полошо од оние кои е поминувале низ врата.

Дали е виновна вратата?

Дефинитивно е дека т.н. ефект на врата или „ефектот на прагот“ докажа дека минувањето низ вратата ја „брише“ нашата меморија. Но, дали е навистина проблем на врата или е полесно на луѓето да се сеќаваат на работите во просторијата каде што ги добиваат информациите? За да се побие оваа претпоставка, психолозите изведоа трет експеримент.

Тогаш некои минувале низ една врата за да влезат во нова просторија, а потоа се вратиле во претходната просторија преку друга врата. Според претпоставката за полесна меморија на нештата на местата каде што се добиваат информации, враќањето во просторијата каде што го однеле предметот требало да ја врати нивната меморија, но не било така.

Ефектот на прагот, всушност, зборува за тоа како меморијата не е засегната само од тоа колку многу обрнуваме внимание на нешто или се обидуваме да запаметиме. Мозокот ги чува информациите сè додека не процени дека повеќе не ни требаат, па затоа ги заменува со нови. Да не беше така, нашиот ум ќе беше презаситен со голема количина на информации, кои не би можеле да ги „свариме“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi