Правете ја оваа вежба веднаш по станувањето наутро!

22 април, 20200
вежба

Експертите препорачуваат оваа вежба да ја правиме секое утро веднаш по будењето. Станете од кревет, направете ја оваа вежба, а потоа продолжете со секојдневната утринска рутина. Оваа вежба овозможува дистрибуција на кислород во целото тело. Тоа значи дека благодарение на оваа вежба кислородот ќе стигне до сите клетки и до оние кои се болни и на тој начин ќе ги поттикне да ги исфрлат отровите.

Се препорачува оваа вежба да ја прават сите, а особено оние кои имаат седечки начин на живот. Освен што ќе ја подобри циркулацијата, оваа вежба ќе ја размрда и кичмата.

Како се прави оваа вежба?

Застанете со раширени нозе во ширина на рамениците. Рацете можете да ги ставите на колковите или да ви бидат покрај телото. Полека наведнете се нанапред без да ги свиткувате колената. Обидете се да го допрете подот со рацете, но доколку не можете, тогаш свиткајте се онолку колку што ви дозволува телото.

Потоа полека исправете се. Петите треба да се залепени за под во текот на целата вежба.

Вежбата можете да ја изведете и на страна, но во тој случај се наведнувате странично сè додека не почувствувате затегнување во страничните стомачни мускули.

Кога ќе се наведнете, останете неколку секунди во таа позиција, а потоа полека исправете се.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi